ОГЛАСИ

„Одбрани поглавја од трансфузионата хематологија и интерната медицина“ корисно четиво за лекарите

Живот | Книга | 26.11.2016 16:35Посети : 3342

Во големата сала на општина Охрид денеска беше промовирано стручното дело „Одбрани поглавја од трансфузионата хематологија и интерната медицина“ од Д-р Трајан Стрезоски, специјалист трансфузиолог и интернист.



-Оваа книга е резултат на три и пол годишна подготовка со цел да ги изнесам моите искуства и случувања во текот на мојот работен век кои бараа брз и адекватен третман. Не ми беше целта да измислувам нешто туку едноставно да ги сублимирам искуствата со цел колегите кои ќе се најдат во ургентна ситуација кога мора итно да делуваат, да им служи во тој момент како потсетник за брзо и адекватно реагираат. - рече Д-р Стрезоски.



Во книгата поместени се искуства и ситуации од хематологијата и интерната медиција, двете области во кои како специјалист работеше Д-р Стрезоски.


-Сакав да ги спојам искуствата од овие две области на едно место и мислам дека оваа книга ќе им биде од помош на колегите. - додаде Д-р Стресоски.



За книгата на Д-р Стрезоски говореше примариус Д-р Верољуб Василевски. Тој истакна дека во неа се сублимирани значајни искуства кои ќе им бидат од полза на лекарите.


-Оваа книга нема да служи само за малиот аудиториум, туку ќе служи и за голем дел на интернисти, физијатри и други стручни лица од медицината кои се интересираат за оваа проблематика. Во неа опфатени се многубројни проблеми од животот што ќе го заинтересира секој еден кој ќе ја прочита оваа книга, која на стручните лица ќе им биде како прирачник за работа.- истакна Прим. Д-р Верољуб Василески.



Рецензентот на книгата, проф. Д-р Александар Стојановиќ од Медицинскиот факултет - Клиника за хематологија во Скопје, рече дека книгата на Д-р Стрезоски претставува многу квалитетн учебник кој ќе им биде од корист на лекарите специјалисти.


- Пред се овој прирачник е наменет за млади колеги, специјалисти од многу широки области од интерна медицина, ургентна медицина, трансфузиологија, а најмногу е за специјалисти по семејна и општа медицина. - истакна Д-р Стојановиќ.



Прим. Д-р Верољуб Василевски и Проф. Д-р Александар Стојановиќ


Стручното дело „Одбрани поглавја од трансфузионата хематологија и интерната медицина“ е втора книга на Д-р Трајан Стрезоски.


Г.М.

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 429 гласови (40%)

Не - 91 гласови (8%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 564 гласови (52%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833