ОГЛАСИ

Писма:На охридските тезги се продаваат опасни ласери кои создаваат изгореници

Отворена | Писма | 27.12.2016 15:48Посети : 4200

На тезга на охридскиот пазар се продаваат опасни ласери, кои ги горат рацете на децата. Внимавајте!!!



-Мојот син (14 години) вчера купи ласер за 650 денарри  од  охридскиот пазар. По пат кон дома ласерот престанал да работи, се вратил кај продавачот, му го сменал и му дал друг. Дома дојде и светеше, кога во еден момент вресна и го фрли на земја, извикувајќи ласерот ме изгоре! Станав и видов изгореници на раката. Бев запрепастена, пуштив рака да се уверам, ласерот гореше и нормално престана да работи. Го расклопивме со крпа и ги извадивме батериите. Денес отидовме кај продавачот да се пожалиме за опасниот производ,  да му раскажеме дека продава опасни и неисправни играчки. Дрзок, безобразен, крајно невоспитан почна да му вика на моето дете: „Шо сакаш бре ти!! Еднаш ти го сменав, повеќе не доаѓај, ајде бегај!!!!!” Вчудоневидена и стаписана онемев. Во еден момент реков: „Господине зошто му викате на мојот син, јас сум му родител кажете ми што имате мене”.....„Не ме интересира ништо, штом се расипал ласерот тоа е ваш проблем”, викаше дрскиот продавач на цел глас во охридскиот пазар. Му појаснив дека ласерот е опасен и му ги изгоре рацете на детето. Викаше: „не е точно, не ме интересира, којзнае што правел вашиот син..... Бидејќи викаше и навредуваше,  почитувајќи го правилото „попаметниот попушта”, заминав од тезгата, но кажав дека ќе ги запознаам сите инспекциски служби со овој случај, како и јавноста  за да знаат и да внимаваат каде и што купуваат.....Се работи за првата тезга, кога ќе влезете на главниот влез во охридскиот пазар, пред вас се појавува прва од лево, црна покриена тезга.



И  како што реков така и сторив. Ја информирав пазарната инспекција и очекувам сите инспекциски служби да извршат контрола и да видат што се продаваат нашите тезгаџии?


Што е легално, а што не, од каде ја увезуваат робата, зошто не издаваат сметки?... Каде да се жалат измамените и оштетени купувачи?, прашува новинарката Соња Рилковска во отворено писмо до јавноста.


Соња Рилковска-Новинар


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Отворена

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 570 гласови (31%)

Не - 1271 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833