ОГЛАСИ

Четкар на најголемиот музички фестивал на јужната хемисфера

Занимливости | Охрид | 05.01.2017 07:00Посети : 1975

Владимир Четкар ќе биде првиот македонски музичар кој ќе настапи на еден од најпрестижните џез фестивали во светот, Џава Џез Фестивалот во Џакарта, Индонезија, кој е најголемиот на јужната хемисфера.



 


На овој фестивал редовно настапуваат најпопуларните музички имиња како Стинг, Џорџ Бенсон, Стиви Вондер, Херби Хенкок, Џон Леџенд, , Шака Кан, Џејми Кулум, Пети Оустин, Карлос Сантана, Ентони Брекстон, Кул енд д Генг, Чик Кореа, Инкогнито, Мецофорте, Ли Ритенор, Ди Ди Бриџвотер и многу други.


Четкар на Џава фестивалот на 3 март 2017 ќе се претстави на една од главните сцени со своја авторска музика.


Неодамна македонскиот џез, соул и фанк артист се врати во Македонија од турнејата во Малезија, Камбоџа и Индија каде настапи на тамошните најзначајни џез музички фестивали и за истите доби одлични критики во медиумите во Југоисточна Азија и Индија додека неговиот концерт во Бомбај беше најавен и во најпродаваниот дневен магазин на англиски јазик во земјата, Тајмс оф Индија, како настап кој индиската публиката ќе ја вчудоневиди и остави без зборови.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребна измена на начинот на регулирање на водостојот на Охридското Езеро?

Да

Не

Гласај

Да - 582 гласови (86%)

Не - 92 гласови (14%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833