ОГЛАСИ

Укината забраната за движење на товарни возила на Плетвар

Вести | Македонија | 09.01.2017 10:28Посети : 281

Од АМСМ утрово информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег на коловозите, по интервенција на екипите од Македонијапат. На планинските премини, повисоките и осојничави места поради ниски температури можна е појава на голомразица. Врнежи од слаб снег во раните утрински часови се бележат во Крива Паланка.



Од 08:30 часот укината е забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.

Забрана за движење на тешки товарни возила има на крак Маврово- Дебар, како и на патниот правец Прилеп- Витолиште. На патниот правец Прилеп-Витолиште сообраќајот е дозволен само за лесни возила, со задолжителна употреба на зимска опрема. Поради врнежи од снег затворени се за сообраќај патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани- М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково.

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Македонија на СП во ракомет ќе се пласира во:

Осминафинале

Четвртфинале

Полуфинале

Финале

Гласај

Осминафинале - 83 гласови (37%)

Четвртфинале - 84 гласови (37%)

Полуфинале - 28 гласови (12%)

Финале - 32 гласови (14%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833