ОГЛАСИ

Забрзано течат подготовките за Водици и Денот на рибарите

Вести | Охрид | 10.01.2017 14:47Посети : 1529

Подготовките за одбележување на верскиот празник Богојавление-Водици и денот на рибарите се во тек и се одвиваат забрзано, се со цел и годинава настанот да биде беспрекорно организиран, вели градоначалникот Никола Бакрачески.



- Денес одржуваме и состанок на координативното тело за техничка организација на најголемиот верски празник Богојавление-Водици и за денот на рибарите. Направени се веќе консултации со Митрополитот Дебарско- кичевски г. Тимотеј околу религиозниот дел. Во принцип ќе биде истатата организација како и минатата година и покрај општинските служби и јавни претпријатија, ќе бидат вклучени и сите оние здруженија и институции кои постојано помагаат околу настанот, меѓу кои општинскиот Црвен крст, Нуркачкиот центар „Амфора“, Капетанија, СВР Охрид и други, рече Бакрачески.


Бакрачески ги повика граѓаните масовно да се вклучат во одбележувањето на празникот, а туристичките  работници подготвено да им излезат во пресрет на барањата на бројните најавени гости за празникот Водици.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали актуелната политичка криза може да се одрази на туристичката сезона во Охрид?

Да

Не

Гласај

Да - 642 гласови (77%)

Не - 191 гласови (23%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833