ОГЛАСИ

Yahoo заминува во историјата

Занимливости | Свет | 10.01.2017 17:05Посети : 1626

Интернет гигантот Yahoo и официјално ќе престане да постои. Новото име на компанијата ќе биде Altaba, а досегашната извршна директорка Мариса Мајер поднесе оставка. Одлуката дека Yahoo заминува во историјата е потврдена во извештајот кој компанијата го испратила до американските регулатори, јавува „Макфакс“.



Во извештајот се наведуваат точните планови за начинот на кој Verizon ќе го преземе Yahoo. За потсетување, Yahoo е продаден за 4,8 милијарди долари. Кога ќе биде завршен целиот процес на преземање, односно кога ќе биде предаден имејлот, веб страниците, мобилните апликации и рекламните алатки, компанијата ќе добие ново име, Altaba.

Новото име претставува одраз на трансформацијата на Yahoo во холдинг компанија за вложувања на кинескиот лидер во електронската трговија Alibaba и компанијата Yahoo Japan, кои заедно вредат повеќе од 40 милијарди долари.

Исто така се наведува дека досегашната шефица на Yahoo, Мариса Мајер, ќе ја напушти својата функција. Покрај Мариса компанијата ќе ја напуштат уште неколкумина долгогодишни директори, коосновачот на Yahoo, Дејвид Фило и уште четворица други директори кои имаат функции во Управниот одбор.


OhridNews
извор: „Макфакс“

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 588 гласови (30%)

Не - 1349 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833