ОГЛАСИ

Здравствениот центар на „Д-р Баткоски“ и аптеки „Виа Фарм“ пет години во служба на охриѓани

Живот | Здравје | 28.01.2017 07:00Посети : 6188

Повеќе децениското искуство и услугите со врвен квалитетна на познатата стоматолошка ординација „Д-р Баткоски“ и ланецот аптеки „Виа Фарм“ од Вевчани, веќе пет години ги ползуват илјадници задоволни пациенти во Охрид во здравствениот центар во Влашка маала, кој денеска го одбележува првиот мал јубилеј.



Здравствениот центар на „Д-р Баткоски“ и аптеки „Виа Фарм“ во Охрид, со работа започна на 28-ми јануари 2012 година и за кус период се етаблираше во врвна здравствена установа со исклучителна доверба во јавноста.




Модерната опрема која е последен збор во современата медиција, ласерски системи за безболен третман, рентген и компјутерска техника за прецизна дијагностика и високо стручниот кадар кој постојано се доедуцира и усовршува, како и естетските третмани, изведувањето сложени стоматолошки зафати и воведување на иновативни методи во работата, го издвојуваат здравстениот центар на „Д-р Баткоски“ и аптеки „Виа Фарм“ од конкуренцијата.



Развојот на денталниот туризам, кој денес зема се поголем замав, е уште една успешно реализирана визија на менаџерскиот тим на „Д-р Баткоски“, каде стоматолошки услуги користат голем број пациенти од странство. За таа цел беше изработен посебен концепт на работа, изготвини беа рекламни материјали и наменска веб страна за дентален туризам, со специјални пакет понуди и упатства како чекор по чекор пациентите да го организираат своето патување, од авионски летови, до сместување и превоз до ординацијата „Д-р Баткоски“.



Потврда на квалитетот и врвните достигнувања во областа на медицината стигна на Европскиот форум за врвен квалитет и менаџмент, што минатата есен се одржа во Кан, Франција, во организација на асоцијацијата Сократ и Европската медицинска асоцијација, кои на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ му ја доделија наградата „BEST HOSPITAL AWARD“. Тука се и бројни други признанија, лиценци и сетификати кои во континуитет ги добива центарот.



Здравствениот центар на „Д-р Баткоски“ и аптеки „Виа Фарм“ е препознатлив во јавноста и по бројните општествено корисни проекти како што се традиционалната акција „За подобро детство“, хуманитарните акции за помош на ранливите категории граѓани и поддршката на образовни, спортски и културни настани.



„Виа Фарм“ и „Д-р Баткоски“ ги следат современите текови. Своите искуства и знаење тие ги преточија во „Наше здравје“ - магазин за здравје и современ живот, кој излегува квартално. На четириесеттина страници „Наше Здравје“ донесува актуелни теми, корисни препораки и стручни совети од областа на фармацијата, стоматологијата, здравиот живот, убавината и исхраната.



Спомнатите се само дел од успешно реализираните проекти на здравствениот центар на „Виа Фарм“ и „Д-р Баткоски“ во Охрид, во изминатите пет години. Менаџерскиот тим најавува нови проекти во функција на пациентите и нивното здравје, што овој центар го прави препознатлив бренд не само во градот, туку и во поширокиот регион.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 479 гласови (34%)

Не - 390 гласови (28%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 524 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833