ОГЛАСИ

ФФМ со ждрепка ќе ги одредува судиите за мечевите во елитата

Спорт | Македонија | 16.02.2017 18:23Посети : 757

Фудбалската федерација на Македонија со ждрепка ќе ги одредува луѓето во црно и контролорите за натпреварите од пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига.



Овој новитет, односно ваквото делегирање ФФМ го започнува од оваа полусезона која ќе стартува в недела на 19 февруари.


Од матичната куќа на фудбалот во Македонија дадоа и комплетно известување како ќе се одвива извлекувањето кое ќе оди во живо на официјалната интернет страна.

Процедура:

- Комесарот за делегирање на судии одредува пет(5)судиски четворки(главен судија,два помошни судии,четврти судија) кои ќе имаат реден број од од 1 до 5 кои влегуваат во извлекување на натпреварите од тоа коло со името на главниот судија.Тој одредува плус една резервна четворка под реден број 6

- Доколку натпреварувачката комисија(комесарот) одреди натпревар(и)од висок ризик комесарот за делегирање судии е должен да одреди три(3) од пет (5)судиски четворки кои се во најдобра форма во тој период(меѓународните судии имаат приоритет, но некој од нив од оправдани причини не може да биде земен во предвид за тоа коло)од кои прво ќе се извлече(извлечат)судии за тој односно тие натпревари. Потоа се додаваат за извлекување и останатите две судиски четворки.

- Доколку се извлече судија(судиска четворка)од истиот град со едната екипа(освен кога се меѓународни судии или двете екипи се од ист град)таа ќе се помести за наредниот пар екипи.Доколку се случи таа судиска четворка да остане за последниот пар од извлекувањето се заменува со резервната четворка.

- Доколку после извлекувњето главниот судија го откаже натпреварот(повреда и сл.)првата резервна четворка ќе го суди тој натпревар.

-Доколку откаже еден од помошниците комесарот за делегирање ќе го замени само него

- Дополнителните помошни судии ќе бидат одредени од комесарот за делегирање за натпреварот со најголем ризик во тоа коло.

- Откако ќе се одредат судиските четворки се извлекуваат контролорите одредени за тоа коло.

ФФМ исто така информираше дека на барање од екипите го одложува стартот на Втората лига за една седмица и место на 24 февруари шампионатот ќе започне на 4 март.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали на делницата на која се гради автопатот Охрид - Кичево има доволно безбедносна сообраќајна сигнализација?

Да

Не

Гласај

Да - 94 гласови (18%)

Не - 421 гласови (82%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833