ОГЛАСИ

Трајкоски: Заедно продолжуваме да ја градиме Општина Дебрца

Вести | Охрид | 17.02.2017 14:15Посети : 1311

Во изминатата 2016 година покажавме дека успесите се достижни. За нивно постигнување беше потребен труд, време и секако финасиски можности за реализирање на зацртаните проекти, рече на денешната прес конференција градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски давајќи отчет за сработеното во 2016.



- Постигнатите резултати и успесите се поголеми кога се заслужени и кога се вреднувани од пошироката заедница. За мене како човек, големо значење имаше поддршката што ја добив од локалното население, како предизвик и мотивација, за реализација на проектите што рековме дека ќе ги исполниме и мерките што ветивме дека ќе ги спроведеме. Вербата во развој, сигурна иднина и пристоен живот се преточени во реализираните проекти. Моја крајна желба е Општина Дебрца да стане едно пристојно и посакувано место за живеење, рече Трајкоски.


Трајкоски потенцира дека во 2016 општина Дебрца заедно со Владата на РМ реализирале проекти со вкупна вредност од 76.770.000 денари, меѓу кои ги издвои: изградбата на фекална канализација во Горенци, алфалтирањето на локалниот пат од Злести до Лешани во должина од 2 км, изградбата на регионален колектор за одведување на отпадни води за селата Климештани, Мешеишта, Волино, Требеништа и Горенци, асфалтирање на улица во Ботун во должина од 1 км, изведба на атмосферска канализација во Ботун во должина од 300 метри, организирање на Фолк фест ЦРЕШНОБЕР 2016, реконструкцијата на Основно училиште во Оровник, изградбата на бетонски премин на река во Годивје, санација на фудбалско игралиште за голем фудбал во Белчишта, тампонирање на полски пат од Волино до Требеништа, реконструкција на водоводна мрежа во Требеништа, реконструкција и санација на Културен дом во с.Лешани, изградбата на пешачка патека покрај Охридското езеро во Оровник и тампонирањето на локални улици во с.Лактиње.


Како што рече Трајкоски, за 2017-та година предвидени се голем број инвестиции со за развој на Дебрца. Ќе се извршат санации на фудбалските игралишта за голем фудбал во Волино и Лешани, предвидени се санација и реконструкција на Културниот дом во Злести, санација и реконструкција на основното училиште во Ботун, доизградба на Фекална канализација во с.Мешеишта, организирање на Фолк фест ЦРЕШНОБЕР 2017, Набавка на комунално возило за собирање на отпад, изградба на фекална канализација во с.Лешани и с.Велмеј со пречистителна станица, партерно уредување околу извори „ДОЛНИ ИСТОК“ во с.Велмеј, санација на каптажа на извор „Тројане“ во с.Оровник, санација и реконструкција на Пумна станица за водоснабдување“св. Еразмо”, изградба на плоштади во селата Велмеј, Лешани, Злести, Белчишта, Ботун, Климештани, Мешеишта, Требеништа, Волино, Горенци и Оровник, асфалтирање и тампонирање на локални улици во с.Оровник, с.Горенци,с.Требеништа,с.Мешеишта,с.Ново Село,с.Врбјани  и с.Брежани.


Вкупната вредност на проектите е 77.320.000 денари.


OhridNews



© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 919 гласови (37%)

Не - 657 гласови (26%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 939 гласови (37%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833