ОГЛАСИ

Првата самостојна прес-конференција на Трамп оценета како пресметка со медиумите

Вести | Свет | 17.02.2017 15:54Посети : 759

Самофалби за постигнувањата од првите седмици од мандатот и критиките на „нечесните медиуми“ кои тоа не сакаат да го видат, ја одбележаа првата самостојна конференција за новинарите на американскиот претседател Доналд Трамп, пишуваат денес агенциите. Новинарите веќе во првите три минути биле обвинети дека ја игнорираат анкетата којашто покажува дека новиот американски претседател Доналд Трамп го одобруваат 55 отсто од Американците, пренесуваат агенциите Ројтерс и ДПА и истакнуваат дека претседателот ја цитирал само анкетата во којашто се најдобри податоците за него, а наводно ги премолчил оние кои покажуваат само 40 или 39 отсто одобрување.


Трамп мораше да го претрпи заминувањето на првиот избор за министер за труд Ендрју Падзер, па да одговара на прашањата за оставката на својот советник за национална безбедност Мајкл Флин поради наводни блиски врски со Русија. „Воинствен, но очигледно и повреден“, „на работ да ја загуби контролата“ оценува АФП наведувајќи дека Трамп ги бранел своите први потези откако е на власт и ја покажал својата огорченсот. Оттаму се решил медиумите да ги стави во центарот на својата необично долга и воинствена прес-конференција, согласни се агенциите кои и пред неговиот избор за претседател на САД не му беа наклонети на Доналд Трамп. Истекувањето на податоците е стварно, информациите се лажни.


Прашањето да ги коментира неговите наводни контакти со руски оперативци во текот на својата изборна кампања, Трамп го насочил на тоа да ги обвини медиумите за објавувања на податоците кои „истекоа“ за комуникацијата на неговиот довчерашен советник за национална безбедност и рускиот амбасадор во САД, Сергеј Кислјак, па пота за истекувањето на податоците од телефонските разговори коишто тој ги водел со челниците на Мексико и на Австралија. „Прво се запрашав па како тие медиуми доаѓаат до тие информации. Истекувањето на информациите е вистинско, а информациите се од лани“, одговорил Трамп. На новинарско прашање дека оваа изјава наводно е контрадикторна, Трамп одговорил дека медиумите се „надвор од контрола“ и „нечесни“ во известувањата. Конференцијата речиси била „тек на струењето на совеста“ на Трамп, во кој доминираа обвинувања на сметка на новинарите, пишува агенцијата ДПА.


Се пожалил на „тонот“ на некои телевизиски известители, на „злобната“ приказна од насловната страница на е The New York Times, на „омразата и отровот“ кои особено ги сее телевизиската мрежа CNN и оценил “Никогаш не сум видел понечесни медиуми откако што се, искрен озборувајќи, политичките медиуми“, пренесува ДПА. Трамп на новинарите им посочил дека добил најмногу електорски гласови по Роналд Реган, а кога еден новинар му рекол дека тоа не е точно, загледувајќи се во своите белешки одговорил „Така сите ми кажаа“.


Агенцијата Ројтерс ги набројува „искрењата“ од прес-конференцијата. Новинарот кој му поставил прашање, претседателот Трамп прво го запрашал дали тој е „пријателски новинар“, а прашањето да ги коментира показателите за растот на антисемитизмот ги сфатил лично и одбранбено одговорил „Јас сум најмалку антисемитски расположената личност која сте имале можност да ја видите во својот живот“. За себе уште рекол дека е „најмалку расистичка личност, на новинарот му порачал да „замолчи“ и да „седне“, обвинувајќи го дека лаже и го отфрлил неговото прашање како навредливо.


„Пораката на Трамп од неговата 77-минутна конференција за медиумите, се чини, беше насочена на истите оние гласачи кои го избраа за претседател во ноември, голем број луѓе коишто сметаат дека Вашингтон дотогаш ги занемарувал и на кои им се допаѓа неговиот имиџ кој го протресува естаблишмент“, заклучува Ројтерс. Остварено толку многу за толку кусо време, а медиумите тоа не го гледаат. И агенцијата АФП пишува дека Трамп од медиумите направил жртвени јарци за неволјите кои го одбележаа почетокот на неговиот мандат за да им испрати порака на своите гласачи. „Тука сум за да директно му упатам порака на народот,бидејќи новинарите во нашата земја нема да ви ја кажат вистината и на извонредните луѓе на оваа земја не им одаваат почести коишто ги заслужуваат“, рекол Трамп.


Денешните проблеми се резултат на „метежот’ којшто го оставил зад себе демократскиот претседател Барак Обама, порачалл Трамп и по речиси четири седмици на должноста претстави сосема позитивна слика за своето претседателствување „фалејќи го досега стореното како да е уште во кампањата“, пишува ДПА. „Администрацијата работи како добро стокмена машина. Досега немало претседателствување во коешто е сторено толку многу за толку кусо време“, се пофалил Трамп и порачал дека „а големата работи сé уште не сме ја започнале“. „За жал медиумите тоа не го гледаат“, рекол Трамп и појаснил „Ќе го вклучам телевизорот и ќе ги отворам весниците и гледам само приказни за хаосот, хаосот. А всушност е сосема спротивното“.


OhridNews
извор Макфакс

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали на делницата на која се гради автопатот Охрид - Кичево има доволно безбедносна сообраќајна сигнализација?

Да

Не

Гласај

Да - 511 гласови (4%)

Не - 12404 гласови (96%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833