ОГЛАСИ

Колумна: Ако немат пушење немат ни влада да имаме

Отворена | Колумни | 28.02.2017 10:10Посети : 4006

Ете причина за штрајкој. Ете причина да фарбаме, да сме шарени. Ете причина да ја браниме државава. А не само кренисе за шо дае. Ќе ни ја продаеле, ни ја украдиле, сме немале плати, нечинело здравството, умирале пациенти, имало стотици умрени бебиња за некој месец, сме имале бездомници, дури замисли сме имале и без кучници. Демек луѓе без кучиња. Прво не е вистина дека сево ова сме го имонемале, а и да имат бар дел од ова да е вака во НСРМ јас не вервам дека префрлат било која работа од овие над 70. Во проценти мислам.


Ми се јави брачед ми од Виена, Австрија, преку вибер и уз муабет ми викат седам во еден кафич пијам кафе и пушам. Ар како. Ар така викат. Му се праело метанија на кафето и било дозволено да пушиш. А кај нас забрането е пушењето. Оооо да, се сложвам. Разни бољки се навлеквет со пусто то цигаре ама ај малку подлабоко да размислиме за пушателните активности.


Абре кафе уз цигара муабет не се викат бадијала. Е зато ојме надолу, е зато не немат во никаква интеграција. Ни во НАТО, ни во ЕУ...абре нигде. Слабо пушиме. Слабо купвиме цигари. Слабо се дружиме. Море вака сега. Пушење уз кафе не е само внесвење отрови во градите. Требит од појќе аспекти да се разгледат пушателните активности. За шо е пред све пушењето? За многу работи. Е само за една работа би го укинал. За младите. Шо појќе пушење помалку деца. Да да. Едно кафе две кафиња, кутија цигари не им теквит дома да си одат и да создавет многудетно семејство. Така е. Ќе се занесиш во пушењето и.....


Значи како прво тој ритуал, кафето со пушењето е основен начин на длабока  и суштинска  комуникација. Пушењето е начин на дружење и градење на односи. Преку пушењето се решавет многу проблеми. Ам како. Ај те чекам на едно кафе, после неизбежно е да се распушиш и тргвит работата. Ова она ќе се зафатиш за некој проблем, ќе се разжестиш, па почвиш да ги решаваш со едно, две три, цела кутија и уз пушење мојш миљарда работи да решиш.


Со пушење мојш и работа да најш. Со пушење мојш и кредит да зејш. Со пушење мојш и не само плата ами и повисока плата да земиш. Абе пушењето мојт да ти донесит биљон благодети во односите како со пријателите така и со пријателките. Некогаш ќе донесит благодет и убајна на собеседникот или веќе мојме да речиме собепушникот, некош тебе. Зависит чив проблем се решават. Твојот или неговиот.Секаква проблематика. Твојата или нејзината.


Абре ко шо сме ние пушачка нација не еднуш се дешавало да напредвиш и во политиката па дури и да лапниш некое министерско место, амбасадорско место и други убај места. Е како како? Ам ако си пушач почесто ќе седвиш со лидерот на кафе, ќе си пушите, ќе створите поблиски односи и оп министер. Како ам.


Еве сега со спремање на владава, на сите состаноци, меѓупартиски консултации  , градење или рушење платформи се седвит со кафе и се почвит со пушење. Е сега за вакви битни проблематики мораш ептем да се спремиш. Да носиш шо појќе цигаришта зш скраја да е мојт на сред  дискусија за платформата политичка да немаш шо да пушиш. И оп одма клоца собепушникот тебе. Да да. Немат пушење, немат дружење. А кое време е сега да се гребиш кај другиот за цигаре. Абре оди бегај.


И друго. Ако тек така се добиваше болести од пушење денес ни Амети ни Зајко ни Никола ќе беа здрави живи испраени. Дур се догавараа кој со кого ќе се платформисат Господ знајт колку имет пушено. Ама ете најдоја некое решение. Додуша кој сум јас да кажам дал е решение или не е.


Гс прекугла нешто договорија. Мада лично јас појма неам шо е и како е договорено. Ама денојве ќе кажат самите шо и како договориле, кој колку кому каде пушел ова она. А и јака фора ак не разбериме. Народ ко народ. Пак ќе тркаламе, пак ќе се собираме на кафе, цигарите и пак како и досега на пушење.



ЏИМИ
jimmy@t-home.mk


 


Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Отворена

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1380 гласови (88%)

Не - 184 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833