ОГЛАСИ

Светите Седум Херсонски свештеномаченици и Преподобен Емилијан

Празници | Празници | 20.03.2017 00:01Посети : 232

Православната црква денеска го одбележува споменот на Светите Седум Херсонски свештеномаченици: Василиј, Ефрем, Евгениј, Елпидиј, Агатодор, Етериј и Капитон и на Преподобен Емилијан.


Житие за Преподобен Емилијан 


Се роди во Рим, а во младоста изврши многубројни и тешки гревови. Но кога се отрезни од грешењето и си дојде на себе, трепереше од самата помисла за Судот Божји. Стапи во еден манастир и со пост, бдение и послушание го скроти и го исуши своето тело. Овде им беше пример на браќата. Ноќе често излегуваше од манастирот и одеше во една блиска пештера на молитва. Бидејќи не знаеше каде оди монахот, игуменот на манастирот една ноќ тајно тргна по него. И таа ноќ тој го виде Емилијан како стои на молитва со страв и во солзи. Одеднаш целата таа гора ја облеа небесна светлина посилна од сонцето, а најсилна беше во пештерата на Емилијан. А од небото се слушна глас: „Емилијан, ти се простуваат гревовите!“ Игуменот се исполни со ужас и побегна во манастирот. Утредента им објави на браќата за она што го виде и чу минатата ноќ. Емилијан поживеа долго и мирно, во голема почит меѓу браќата, па се упокои во Господ.


 

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Празници

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 1269 гласови (37%)

Не - 849 гласови (25%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 1283 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833