ОГЛАСИ

Најтешката жена на светот загуби 140 кгр

Занимливости | Свет | 20.03.2017 07:00Посети : 691

Египќанката Иман Ахмад Абдулати, којашто со своите повеќе од 500 килограми беше најтешката жена на светот, по пет седмици од третманот во Индија ослабела за 140 килограми, јавува новинската агенција PTI, повикувајќи се на болницата каде што се лекува, пренесува „Макфакс“.



За трагичната судбина на 36-годишната Египќанка, жителка на градот Александрија, првпат извести во октомври минатата година телевизијата Al Arabiya. Според докторите таа патела од ткн „слоновска болест“ или елефантиазис и заменски жлезди. Жената доживеала мозочен удар и останала прикована за постелата.

Кон крајот на минатата година нејзиниот случај го привлече вниманието на лекарот од индискиот мегалополис Мумбаи, Муфазал Лакдавала, специјалист за баријатриска и лапароскопската хирургија, и понуди да ѝ помогне на жената. Иман беше донесена во Индија со специјален карго лет на 11-ти февруари.

Претходно беше објавено дека на 7-ми март Иман беше подложена на операција, со којашто обемот на нејзиниот желудник беше намален за 15 отсто од неговата претходна големина. Лекарите, исто така, отстраниле и голем дел од масното ткиво и на намалуваат нејзината потреба од храна.

„Моменталната тежина на Иман изнесува 358 килограми“, го цитира агенцијата соопштението на клиниката „Saifee Hospital“ во Мумбаи каде што е сместена пациентката.

Иман сега е ставена на специјален режим на исхрана: на секои два часа ја хранат преку специјална туба со протеински коктел со ниски вредности на соли, мешани со млеко од соја. Дневно на Египќанката ѝ се потребни 1.800 калории. Хранењето прек тубата е неопходно, поради тоа што по доживеаниот мозочен удар жената тешко голта.


OhridNews
извор: „Макфакс“

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 433 гласови (35%)

Не - 350 гласови (28%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 471 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833