ОГЛАСИ

„Галебите“ сигурно летаат во плејаутот, Карпош Соколи и МЗТ Скопје изедначени во плејофот

Спорт | Охрид | 20.03.2017 09:48Посети : 550

Кошаркарите на АВ Охрид мирно и сигурно чекорат кон опстанок во Првата лига по победата над Струмица (81-77) во втората рунда од плејаутот.



Охриѓани со триумфот пред своите гледачи ја продолжија позитивната серија на три победи и на врвот од табелата во плејаутот се одлепија од Струмица и Пелистер.

„Галебите“ опстанокот во елитата можат да го обезбедат во следниве два мечеви против Вардар и Пелистер кои ги игра на домашен терен во „Билјанини Извори“.


Во натпреварите од плејофот Карпош Соколи и МЗТ Скопје водат изедначена битка по двете рунди за врвот на табелата. „Соколите“ како гостин го совладаа составот на Фени Индустри 90-78, додека МЗТ Скопје во Гевгелија славеше против Кожув 77-71.

Резултати:

Плејаут:

Резултати: АВ Охрид - Струмица 81-77, Вардар - Пелистер 81-85

Табела: АВ Охрид 22, Струмица 21, Пелистер 21, Вардар 16.

Следно коло: АВ Охрид - Вардар, Струмица - Пелистер

Плејоф:

Резултати: Кожув - МЗТ Скопје 71-77, Фени Индустри - Карпош Соколи 78-90, Работнички - Куманово 87-69.

Табела: МЗТ Скопје 4, Карпош Соколи 4, Работнички 3, Куманово 3, Кожув 2, Фени Индустри 2.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 346 гласови (39%)

Не - 72 гласови (8%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 468 гласови (53%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833