ОГЛАСИ

Откриена нова планета на која може да има живот

Занимливости | Свет | 20.04.2017 11:59Посети : 1433

Научниците откриле една нова планета која спаѓа меѓу малубројните вселенски тела на кои би можел да се развие некаков облик на живот, пренесе во четврток магазинот „Nature“. „Не можевме да најдеме подобра цел во потрагата по докази за живот надвор од Земјата“, рече за ова откритие коавторот на студијата Џејсон Дитман од Центарот за астрофизика во Кембриџ, САД.



Оваа интересна планета наречена “LHS 1140b”, се наоѓа во орбитата на една ѕвезда во соѕвездието Кита, оддалечено од Земјата 40 светлосни години, односно 378.400 милијарди километри. Оваа планета не е прв „роднина“ на Земјата што ја откриле астрономите, но има „многу предности“, рече Хавиер Бонфис, кој признава дека е многу возбуден заради ова откритие.


Орбитата на оваа „егзопланета“ се наоѓа во насе зона на орбитата околу ѕвездата, односно на „вистинска оддалеченост од неа, што овозможува на површината да има течна вода, што е неопходно за живот“, рече Дитман. Оваа планета има пречник 1,4 пати поголем од пречникот на Земјата и шест пати поголема маса, а астрономите заклучиле дека е карпеста, исто како Земјата. „Да се надеваме дека има атмосфера“, рече Бонфис, астроном во Научната опсерваторија на Универзитетот во Гренобл.
За евентуално да пронајдат живот, научниците бараат планети слични на Земјата и во февруари оваа година соопштија дека откриле седум такви планети, од кои е можно на три на површината да има вода во течна состојба.


Овие планети ротираат околу џуџеста ѕвезда наречена “TRAPIST-1”, а новооткриената планета “LHS 1140b” влезе на „врвот на оваа табела“, објавија научниците.


OhridNews
извор: Макфакс фото: архива


© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали на делницата на која се гради автопатот Охрид - Кичево има доволно безбедносна сообраќајна сигнализација?

Да

Не

Гласај

Да - 293 гласови (19%)

Не - 1217 гласови (81%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833