ОГЛАСИ

„Гладијаторите“ во „Билјанини Извори“ го бркаат второто учество во Ф4 во Купот на Македонија

Спорт | Охрид | 21.04.2017 12:48Посети : 2189

Ракометниот клуб Охрид во сабота и во недела ќе биде домаќин на една од четирите групи во четвртфиналето во Купот на Македонија. „Гладијаторите“ се огромни фаворити во својата група каде се наоѓаат уште Металург 2, Струга и Работнички и се освен пласман на завршницата во Купот на Македонија ќе биде големо изненадување.



Охридските ракометари во полуфиналето од четвртиналната група ќе се сретнат со втората екипа на Металург, додека ракометните возбудувања в сабота ќе ги најават тимовите на Струга и Работнички. Победниците од полуфиналните мечеви ќе ги одмерат силите в недела во финалето со почеток во 18 часот.

- Фаворитската улога на хартија треба и мора да ја покажиме и оправдаме на теренот. Ждрепката не посака, не ни даде тешки противници и тоа мора да го искористиме. Во четвртфиналните натпревари влегуваме исто како и во мечевите од плејофот со голема мотивација и желба за победа покрај лесните противници. - изјави десниот бек, Лазар Адамовиќ. 



Охриѓани минатата сезона прв пат учествуваа во завршницата од Купот на Македонија и изгубија од Вардар во 1/2 финалето кој подоцна го совлада тимот на Металург во натпреварот за златниот медал.


- Лесната ждрепка не смее да не залажува дека е готово пред време. Треба да ги одиграме двата натпревари на едно големо ниво како сите досега и да покажиме дека местото ние меѓу најдобрите во Македонија. За ривал во финалето в недела го посакувам тимот на Струга, поради ривалството меѓу Охрид и Струга, но за тоа потоа прво имаме задача против тимот на Металург 2. - потенцираше Славиша Димитријески кој со составот на Куманово има учествувано на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.



Блок билет за двата натпревари во сабота чини 50 денари, додека за финалниот натпревар в недела цената на билетот изнесува 30 денари. 

Распоред:

Сабота:

Струга - Работнички (17:30ч)

Охрид - Металург (20ч)

Недела:

Финале 18 часот.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 404 гласови (40%)

Не - 88 гласови (9%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 529 гласови (52%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833