ОГЛАСИ

Интервју со Снежана Билко: Не оставајте животот да поминува пред вас!

Интервју | Интервју | 30.04.2017 12:30Посети : 8118

Охриѓанката Снежана Билко, мотивациски говорник, со години се грижи на своите следбеници на социјалните мрежи и учесници на работилници да им ја зголеми самодовербата, мотивацијата и да им ја врати насмевката на лицето. Снежана е сопственик на првиот мотивациски веб портал во Македонија www.bidivovortex.mk и на Центарот за личен развој „Вортекс Груп“ од Скопје.


 


OhridNews: Од кога функционира Вортекс интернет страната?


С.Б.: Тоа е првиот мотивациско-инспиративен веб портал во Македонија кој функционира од октомври 2016-та година, кој го работам со една огромна љубов и огромна страст.



OhridNews: За што поточно станува збор?


С.Б.: Се работи за мотивациско-инспиративен веб портал на кој главната мисија и цел, освен што му е да се доближи Вортекс и Законот на привлекување на пошироката читателска јавност, исто така има за цел и идеја да ги мотивира сите оние души на кои им е потребна мотивација во секојдневниот живот. Сите оние кои можеби се на некоја раскрсница моментално, сите оние на кои им е падната нивната мотивираност, самодоверба, нивниот оптимизам. На овој портал можете да најдете различни содржини за и околу мотивацијата, техники и методи според Законот на привлекување, интервјуа со различни личности од македонската уметничка сцена, видеа за и околу мотивација од големи светски имиња, блог каде се наоѓаат дел од моите авторски текстови, слики и видеа од мои изминати Мотивациски работилници и семинари итн.


OhridNews: Како се случија Вашите први контакти со Законот на привлекување и Вортекс?


С.Б.: Од денешна дистанца сфаќам дека јас со овој закон кој е природен закон, сум се сретнала уште во далечната 2008-ма година кога почнав да пишувам свои текстови кои беа тесно поврзани со сето ова денес што го работам. Отворив и свој личен блог каде и почнав да ги објавувам истите. При една моја тешка духовна состојба барав причина зошто тоа ми се случува и барав решенија, и потајно длабоко во мене верував силно и знаев дека постојат.  Долго време истражував и случајно се сретнав со книгата „Тајна“ од Ронда Брн која ми го измени комплетно мојот сопствен живот и се она што го живеам. Се сретнав со повеќе мотивациски говорници од Балканот и од Светот и така навлегов уште подлабоко во значењето и употребата на сите техники и методи од Законот на привлекување и Вортекс. Се трудев колку можам да присуствувам на сите вебинари (онлајн семинари, работилници, предавања) и секако семинари низ Балканот на кои и директно и учествував.



OhridNews: Колку тоа влијаеше врз Вашите понатамошни ставови, размислувања?


С.Б.: Премногу! :) Мојот живот и целокупната моја реалност која почнав да ја живеам се изменија комплетно. Јас станав една сосема нова личност, личност многу подобра од тоа што бев.


OhridNews: Освен интернет страницата, вие организирате и голем број семинари. Какви се реакциите на луѓето на почетокот кога се информираат за Вортекс и по извесен период?


С.Б.: Главната мисија и целта на мојот Центар за личен развој „Вортекс Груп“ кој го отворив од неодамна е да прави Мотивациско-инспиративни семинари, работилници, предавања, конференции со кои ќе им се даде на сите луѓе можност да се мотивираат, со нивното учество да сфатат дека е повеќе од потребно да работат на себе и на својот личен развој како би искреирале една поубава и позитивна реалност. Реакциите се одлични, јас сум премногу задоволна, до сега имам вкупно околу 10 евенти за нецела една година од ваков тип во Скопје и во другите градови низ Македонија. Се радувам многу, бидејќи на луѓето им се од голема корист овие мои семинари, се радувам што им делуваат многу позитивно и што после секој мој семинар добивам повратни информации за промените на нивните животи кон подобро. Сепак, оваа професија е релативно нова кај нас и потребно е малку време да луѓето осознаат и сфатат кои се придобивките од сето она јас што го работам. Благодарна сум на сите мои учесници до сега и пресреќна сум што ги има се повеќе.



OhridNews: Многумина утрото го почнуваат загрижени и без насмевка. Колку тоа зависи од тежината на проблемите или едноставно од ставот на личноста кон нив?


С.Б.: Зборот „проблем“ треба да се замени со зборот „предизвик“. Сите ние имаме свои предизвици и контрасти во својот шарен мозаик наречен живот и впрочем без нив животот не би имал никаква смисла. Доколку луѓето ги изменат нештата на гледање на одредени работи во нивните животи, и самите нешта ќе се изменат. Ако го започнеме нашиот ден без насмевка и доколку сме на една ниска вибрација тогаш само ќе привлечеме негативни случки, настани и луѓе и повторно ќе живееме една негативна и неубава реалност. Ако се разбудиме наутро со насмевка, се заблагодариме на се она што го имаме, доколку сме на вибрација на среќа само тогаш можеме да живееме позитивна реалност и да сме сведоци на убави случувања во нашите животи.


OhridNews: Како да се врати насмевката и самодовербата?


С.Б.: Вашата насмевка и вашата самодоверба ќе ја вратите со многу труд и работа на себе, со сите оние техники и методи кои јас ги говорам на моите семинари, ќе ја вратите со кревање на вашата вибрација, ќе ја вратите со будење на вашата свест и кревање на вашата свест дека ние сме сите овде да битисуваме во среќа, радост, во исполнетост и во љубов.



OhridNews: Ваш совет до читателите.


С.Б.: Ух, совети имам премногу. :) Најважно од се, запомнете дека вие сте креатори на вашата сопствена реалност, вие и никој друг. Вие не сте наљудувачи на сопствениот живот, не оставајте животот да поминува пред вас, туку потребно е вие сами да си го искреирате она што сакате да го живеете. Сфатете дека вие не сте само она тело кое го имате, вие сте и многу, многу повеќе од тоа. Вие сте многу повеќе од тоа што го правите во моментов. Откријте што е вашиот порив, вашата страст и што најмногу сакате да правите во вашиот живот, осмелете се и направете го тоа! Бидете позитивни, бидете смирени, работете на себе, медитирајте, бидете благодарни за се што имате и се што правите, правете го со емоција на љубов. Доколку пристапите на се со една чиста емоција на љубов, вашиот живот комплетно ќе се измени!


Т.Кувенџиска

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Интервју

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 1254 гласови (37%)

Не - 845 гласови (25%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 1262 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833