ОГЛАСИ

Christian Roth и Eric Domege ја споделија инспирацијата за нивните безвременски креации

Занимливости | Македонија | 09.05.2017 23:51Посети : 802

За да се постават темелите на авангардните креации на очила и да се издигнат очилата како врвен моден додаток е потребна неизмерна пожртвуваност и инспирација. Christian Roth е светски познатиот дизајнер кој заедно со неговиот партнер Eric Domege во Dioptra Couture на плоштад Македонија во Скопје, ги споделија корените на нивната инспирација и храброст која отвори нов свет на модата. Тие ја презентираа и својата нова линија на очила креирана заедно со Dita Eyewear и достапна во Македонија преку Dioptra Couture.



Пред да започне со својата работа на модните писти во 1980те години очилата биле само еден додаток кој ги надополнувал модните креации. Christian Roth со макотрпна работа и преку соработка со италијанските и француските фабрики се трудел да создаде нешто повеќе, нешто врвно. Тој успеал да ја зацврсти репутацијата на очилата како сериозна модна креација која не е само додаток, туку како надополнување на нечиј карактер. За време на настанот тој ги сподели и нивните искуства од работата со врвните креатори Karl Lagerfeld и Michael Kors.



Christian Roth и Eric Domege пред присутните ги претставиja дизајните на очила потенцирајќи ја нивната уникатност преку препознатливиот дизајн во кој се користи врвна технологија. Секој пар на очила и создаден со посебна технологија и материјали користејќи методи кои се толку ретки што ја прават нивната линија на очила единствена во светот. Воедно, материјалите со кои се произведуваат очилата можат да се најдат само на неколку места на планетата. Еден вид на очила е направен со посебен камен кој може да се најде само на еден мал остров близу Венеција и Christian Roth е еден од дизајнерите кој има пристап до специфичниот производен процес.




„Брзината со која се движи модата во ова модерно општество е инспирација за новото, следното и сегашното. Сепак, авијаторските и гламурозните форми се безвременски. Тие му дозволуваат на тој или таа што ги носи да ја покаже својата индивидуалност и моден сенс. Трендовите се појавуваат и исчезнуваат секојдневно. Но, никогаш не постои прашањето дали нешто ќе се врати, туку кога ќе се врати. Секогаш кога некој дизајн ќе се појави повторно генерацијата поставува свое значење на истиот.“ - истакна Christian Roth.




На настанот присуствуваа видни личности како италијанскиот амбасадор Карло Ромео, Анкица Стојановска, Сара Мејс, Висар Вишка, Фросина Фран, Цаци Паковска, Влатко Лозаноски, Димитар Атанасовски, Павле Камилоски, Катерина Стевковска, Дарко Спејко и други.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали на делницата на која се гради автопатот Охрид - Кичево има доволно безбедносна сообраќајна сигнализација?

Да

Не

Гласај

Да - 46 гласови (15%)

Не - 261 гласови (85%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833