ОГЛАСИ

Смртни закани за синовите од Михаел Шумахер

Спорт | Свет | 19.05.2017 12:50Посети : 1694

Семејството на Михаел Шумахер, кој се наоѓа во кома, во март минатата година било загрозено од закани на уценувачи. Уценувачот ѝ се закани на сопругата на Шумахер, Корина, дека ќе ѝ ги убие децата доколку не му плати 900.000 евра.



Човекот, чие име германските медиуми не смеат да го откријат, е уапсен и му било наложено да побара помош од психијатар и му била изречена условна затворска казна.

Исто така, на за јавноста непознатиот уценувач му било наложено да плати 4.500 евра казна и да одработи 50 часа општествено корисна работа.

„Доколку парите не бидат уплатени до 31 март 2016 година, твоите деца ќе бидат убиени. Во Формула 4 можат да се случат секакви несреќи“, ѝ напишал 25-годишникот на Корина Шумахер.

Синот на Михаел и Корина, Мик, во тоа време се натпреваруваше во Формула 4, а потоа премина во Формула 3, додека 20-годишната ќерка Џина-Марија има успешна кариера во коњичкиот спорт.

Полицијата успеала да го пронајде уценувачот преку податоците за банкарската сметка, кои тој ѝ ги доставил на Корина.

„Би го кажал ова многу внимателно – давање банкарска сметка во ваков случај не е разумна одлука“, стои во образложението на одлуката која ја донел судијата во Ротлиген Еберхард Хауш, пренесува „Макфакс“.

Адвокатот на осудениот рекол „до овој ден не може да објасни зошто неговиот клиент се однесувал на таков начин“.

Шумахер (48) е еден од најголемите возачи во историјата на Формула 1, во кариерата освоил седум шампионски титули, а од декември 2013 година се наоѓа во кома, откако на скијање во француските Алпи се здоби со тешки повреди на главата.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали на делницата на која се гради автопатот Охрид - Кичево има доволно безбедносна сообраќајна сигнализација?

Да

Не

Гласај

Да - 46 гласови (15%)

Не - 261 гласови (85%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833