ОГЛАСИ

Во Лондон се одржа 31-та годишна конференција на директори на европски национални библиотеки

Вести | Македонија | 19.05.2017 16:08Посети : 567

Во Лондон, во организација на Британската библиотека на 15 и 16 мај се одржа 31-та конференција на директорите на триесет и четири Национални библиотеки од Европа CENL(Conference of European National Libraries. Република Македонија беше претставена од директорот на Националната и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”-Скопје, д-р Иван К. Заров.



На конференцијата се разгледуваа стратешките приритети за развој на асоцијацијата на европските национални библиотеки, нивната взаемна координираност и размена на искуства и знаење, новите тенденции во библиотечното работење и соочување со предизвиците на новото време.



Особено беше подвлечено институционалното место и улога на библиотеката во дигиталното време како модератор и сервис на информации за сите културни, научни и општествени активности, преку креирање на развојни програми и внатрешно трансформирање  на библиотеките и постојана едукација на професионалниот библиотекарски кадар, менаџирањето со културното наследство на нови начини и привлекувањето на инвестиции, кои би ги подобриле одржливоста, развојот и квалитетот на библиотечните услуги преку споделување на различните искуства на секоја од европските национални библиотеки.


Во чест на скоро починатиот директор на Данската кралска библиотека Ерланд Колдинг Нилсен, доајен на европската асоцијација на библиотеките беше востоличена награда која го носи неговото име за поттикнување на заеднички проекти помеѓу европските библиотеки.


Ohridnews


© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали на делницата на која се гради автопатот Охрид - Кичево има доволно безбедносна сообраќајна сигнализација?

Да

Не

Гласај

Да - 307 гласови (19%)

Не - 1313 гласови (81%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833