ОГЛАСИ

Боби Мојсовски во војна со Тончи Хуљиќ

Занимливости | Охрид | 25.05.2017 10:10Посети : 5374

Македонскиот пејач Боби Мојсовски е во војна со еден од членовите на жирито на X Factor Adria, хрватскиот хитмејкер - Тончи Хуљиќ, но само во новиот заеднички видео-запис. Се работи за синглот "Ја би да сан опет мали" кој Боби, Тончи и неговата група Мадре Бадеса премиерно ќе го претстават на 09.06, на „CMC„ фестивалот во Хрватска.



Како што Боби не извести, се работи за дело изработено во Медитерански дух на Далмација, со добро познатиот 7/8 ритам карактеристичен за Македонската култура.



„Се работи за нешто што е уникатно, ново, тотално поинакво од се што сум снимил досега. Неодамна заедно со Тончи снимивме и видео-запис со хумористична и уникатна содржина, меѓутоа, приказната на спотот и стиховите на “Ја би да сан опет мали“ имаат длабоко, метафорично значење кое се надевам слушателите и гледачите ќе го препознаат, а за кое би дискутирал откако ќе излезе овој пакет“. - вели Боби.



Тончи Хуљиќ е еден од најпознатите хрватски композитори, со низа хитови во неговата биографија како: Два пут сан Умра на Оливер Драгојевиќ; Кад би био близу, Не тиче ме се, Минус и плус на групата Магазин, Иде ми - Данијела Мартиновиќ, Уторак - Петар Грашо и многу други.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 527 гласови (31%)

Не - 1161 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833