ОГЛАСИ

Ивана Костовска ни раскажува за љубовта како „Феникс“

Живот | Книга | 01.06.2017 22:10Посети : 973

Во опуштена атмосфера, пријатен амбиент и многу позитивни вибрации, младата писателка Ивана Костовска го промовираше своето ново дело, насловено “Феникс”.



Видно возбудена на промоцијата во скопското кафуле „Концепт”, авторката Костовска во неколку реченици го претстави “Феникс”, нејзината втора по ред книга, како дело во чиј што фокус повторно е љубовта, тема за која што самата кажа дека е нејзиниот најголем двигател. “Нема да говорам многу, ќе ги оставам читателите сами да го доживеат и да го почувствуваат тој импулс додека ги читаат расказите.“, рече Костовска.



Во „Феникс “, авторката зборува за умирањето и повторното раѓање, што го претставува патот до нејзиното себеосознавање. “Случувањата во кратките раскази во втората книга „Феникс“ се поврзани со испреплетените животни одлуки, болка, многу непроспиени ноќи, умирање и така во круг до следното раѓање, кога сè почнува одново, овојпат убаво”, вели Ивана. Пораката што се проткајува низ страниците на „Феникс“ е женската борба против патријархатот.


Нејзината прва издадена една книга е со наслов „Рефлексија “, која што заедно со новата „Феникс“ можат да се најдат во продажба во сите поголеми книжарници.



 


Ивана Костовска е родена на 16 јануари, 1987 година во Скопје. По професија е социјален работник и најголемиот дел од своето време го посветува на борбата за еднаквоста и почитувањето на човековите права.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 570 гласови (31%)

Не - 1271 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833