ОГЛАСИ

Викендов финална продажба на дизајнерски парчиња од етаблирани креатори во „popup store“ во Скопје со охридски шмек

Живот | Убавина | 17.06.2017 09:11Посети : 1609

„Сте слушнале за галерија Acanthus во Скопје? Лимон жолта старинска порта на "Орце Николов", префинети виолетови ѕидови, црно скалило нагоре кое отвора пред вас прекрасна галерија со високи тавани каде ќе ве дочека претопла атмосфера со парижански призвук? Иии најдоброто од сѐ „it's a popup store!“ Можете да си се подновите со лудило дизајнерски парчиња од наши етаблирани дизајнери кои работат за светските Balenciaga, Maison Margiela и Loewe, а дизајните ги носат дечките од Arctic Monkeys, па и Jay Z до Frank Ocean.“ Вака медиумите во Скопје ја опишуваат привремената продавница на охридскиот моден бренд „Румор“ и „KAPKA Jewelry“ отворена во галеријата „Акантус“ во Скопје, каде викендов ќе се одржи финалната продажба.




„РУМОР“ е концепт продавница со локација во Охрид која на македонската публика нуди колекции од етаблирани модни дизајнери кои работат за познатите модни куќи како „Balenciaga“, “Loewe“, “Martin Margiela“, по цени прилагодени на нашиот пазар.  Љубителите на модата ќе можат да купат креации од светски познатиот дизајнер Ристо Бимбилоски кој во моментов работи за модната куќа „Maison Margiela“ под водство на Џон Галијано. Исто така на продажниот настан ќе бидат застапени и модните брендови „SEV-Paris“ чии кошули ги носат ѕвезди како Artic Monkeys, Jay Z, Frank Ocean и други, како и рачно изработени марами на „WE ARE OWLS-NY“.




 


Привремената продавница на Румор“ и „Капка“ во галеријата „Акантус“ во Скопје, ќе биде отворена до 18-ти јуни.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1412 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833