ОГЛАСИ

Над 300 граѓани дел од ифтарската вечера организирана од градоначалникот Бакрачески

Вести | Охрид | 22.06.2017 10:05Посети : 4611

Во насока на добар соживот, мирољубие и човекољубие, градоначалникот Никола Бакрачески, синоќа, за припадниците на муслиманската вероисповест приреди Ифтар. Повеќе од 300 граѓани муслимани и нивни пријатели христијани споделија заедничка вечера.




-  Во духот на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, чуството е вдахновено, да бидете тука помеѓу своите сограѓани и гостите, кој што во масовен број дојдоа денес да ја одбележиме оваа заедничка Ифтарска вечера. Во духот на заедништвото, во духот на солидарноста, во духот на толеранцијата, мирот и спокојот меѓу луѓето, што всушност претставува и симболиката на организација на оваа  вечера и еден вид на испраќање на порака до верниците од муслиманска вероисповест, меѓутоа и до сите граѓани на Охрид и Република Македонија. Особено ми е драго што оваа традиција што ние ја започнавме пред четири години, гледам дека и минатата и оваа година масовно се отсликува и во други градови, изјави градоначалникот Бакрачески.





Гостин на синоќешната вечера беше и Евроамбасадорот, Самуел Жбогар. На крај од вечерата  градоначалникот Бакрачески испрати честитка до сите верници од муслиманска верисповест, по повод празникот Рамазан Бајрам, со желби за мир и спокој во нивните домови и нивното опкружување.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1395 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833