ОГЛАСИ

Стоте најцрни денови во сообраќајот допрва доаѓаат

Вести | Македонија | 24.06.2017 10:14Посети : 2225

Неофицијалните статистички податоци покажуваат дека заклучно со 15 јуни оваа година, 36 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди на улиците и на патиштата во Република Македонија.
Но, искуството и статистиката покажуваат дека пред нас се стоте најкритични и најцрни денови кога е во прашање безбедноста во сообраќајот, велат од Републичкиот сојуз за безбедност во сообраќајот на патиштата - РСБСП. Во 2016 година, во месец јуни, 11 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди, во јули 26, во август 19, во септември 9. Оваа година, во месец јуни, неофицијално, 8 лица го загубле животот во сообраќајни незгоди. Секоја година, во периодот јуни - август , двојно се зголемува бројот на загинати и на повредени лица во сообраќајни незгоди, односно околу 50 % од сообраќајните незгоди со фатални последици се случуваат токму во овој период.



 


Најчести причини за сообраќајни незгоди во овој период од годината


Брзото возење. Причина број еден за сообраќајни незгоди со фатални последици е брзото и агресивно однесување во сообраќајот. Лето, опуштена атмосфера, одмори и забава, но дефинитивно сообраќајот не е место каде треба да се троши вишокот адреналин и вишокот енергија. Сообраќајот бара смирени и одговорни возачи.


Неправилно пристигнување. Сообраќајниот метеж е составен дел од сообраќајот во овој период од годината. Нестрпливоста, слалом возење и желбата за престигнување и побрзо пристигање на посакуваната дестинација најчесто значи, директен судир помеѓу возилата, тешко повредени и загинати лица, односно прерано завршен живот, неостварени соништа и неуспешно пристигнување онаму каде сте тргнале. Затоа, бидете трпеливи и никогаш не престигнувајте неправилно, дури и кога тоа навидум изгледа безбедно.


Замор. Долгите патувања се карактеристични за овој период од годината. Возачите го планираат своето патување во зависност од тоа кога е најмал сообраќајниот метеж, а не во зависност од тоа кога се одморени и подготвени. Статистиката покажува дека сообраќајните незгоди кои се последица на заморот најчесто завршуваат со фатални загуби затоа што изостанува можноста за реакција на возачот и можноста за избегнување и намалување на последиците. Човечкото тело има ограничени можности, а лажната самоувереност носи фатални загуби. Затоа, патувајте одморени, наспани, правете пауза и не возете подолго од 3 часа без одмор.


Алкохол. Управување моторно возило под дејство на алкохол и психотропни супстанции е многу посилно изразена појава во летниот период во споредба со остатокот од годината. Голем број прослави, забави, веселби до раните утрински часови и изобилство алкохол. И сето тоа може да биде прифатливо, но никако не може да биде прифатливо управување моторно возило под дејство на алкохол - тоа носи смрт, загубени човечки животи и тажни семејни судбини. Затоа, уште еднаш потсетуваме, алкохол и волан е најлоша комбинација. Стоп за пијаните возачи!


Високи температрури. Високите летни температури влијаат на способноста за возење, на техничката исправност на возилото и на сопирачкиот пат на возилото. Затоа, држете безбедно растојание, проверувајте ја техничката исправност на возилото и не патувајте во периодот од денот кога температурите се највисоки. Правете почести паузи и консумирајте повеќе течности. Високите температури особено се пречка за повозрасните возачи и за оние кои имаат здравствени проблеми. Пред секое подолго патување, за оваа категорија возачи, се препорачува соодветна подготовка и консултација со лекар.


(Не) користење сигурносен појас или кацига (од страна на возачите, но и на патниците). Појасот и кацигата значително влијаат на тоа какви ќе бидат последиците во сообраќајните незгоди. Не користење сигурносен појас и не носење кацига е рефлексија на недостаток на свест и одговорност на возачите и на патниците кон ризикот и опасностите во сообраќајот.


По секоја сообраќајна незгода со фатални последици се бараат виновници. Вината е на повеќе страни, но најсилно изразена е кај факторот човек – учесниците во сообраќајот.
Затоа, РСБСП апелира: Стоте најцрни денови во сообраќајот допрва доаѓаат. Бидете внимателни и одговорни и чувајте го сопствениот живот и животот и здравјето на другите учесници во сообраќајот. Во сообраќајот нема простор, време и место за опуштање. Опасностите кои ги демнат сите учесници во сообраќајот во летниот период се сериозни. Време е да се освестат сите учесници во сообраќајот и сите заедно, со свест, разум и одговорност - да го направиме ова лето безбедно за патување.


Безбедноста во сообраќајот зависи од сите учесници во сообраќајот, од секој од нас поединечно, пешак, велосипедист, мотоциклист, возач на моторно возило. Секој со своите постапки го прави сообраќајот повеќе или помалку безбеден. Затоа, секој треба добро да размисли, каков учесник е во сообраќајот и дали вреди да биде подобар и поодговорен, велат од РСБСП.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 524 гласови (31%)

Не - 1158 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833