ОГЛАСИ

Отворен интернационалниот фестивал „Словенија во Охрид“

Вести | Охрид | 25.06.2017 11:46Посети : 838

На сцената на „Долни Сарај“, со пригодна свеченост беше отворен интернационалниот фестивал „Словенија во Охрид“. На настанот присуствуваа и Амбасадорот на Република Словенија во Македонија, Милан Јазбец, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и заменик градоначалникот, Ангел Јанев.



Пред официјалниот почеток на фестивалот, во угостителскиот објект „Аквариус“, Амбасадорот на учесниците на фестивалот им додели благодарници. После доделувањето на благодарниците, се обрати градоначалникот Бакрачески, кој им посака топло добредојде во бисерот Балкански – Охрид и денови исполнети со позитивна енергија и спомени кој што ќе ги однесат назад во родните места.



Фестивалот „Словенија во Охрид“ се одржува во чест на Денот на државноста на Република Словенија, а ќе трае до 27 јуни. На летната сцена „Долни Сарај“ се обрати заменик градоначалникот, Ангел Јанев.


- Културата не познава граници, зошто преку неа се градат мостови на соработка и меѓусебно почитување  меѓу народите и државите. Таа мисија успешно, веќе втора година,  ја реализира фестивалот „Словенија во Охрид“. Во тој дух,  ја користам оваа можност  преку амбасадорот Милан Јазбец, да упатам искрени честитки до пријателскиот словенечки народ, по повод одбележувањето на 25 јуни - Денот на независноста на Република Словенија, а посебно до граѓаните од збратимените градови Пиран и Птуј, со кои имаме долгогодишна пријателска соработка, рече Јанев.



Фестивалот „Словенија во Охрид“ е пример како може на креативен начин и со низа различни културни настани, да се придонесе во продлабочување на соработката меѓу две држави.



На фестивалот ќе настапат музички и  фолклорни групи, мажоретки тимови, оркестри, хорови и групи за модерни танци, со околу петстотини учесници.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1396 гласови (88%)

Не - 191 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833