ОГЛАСИ

Во охридските средни училишта слободни 1.190 места

Вести | Охрид | 27.06.2017 12:41Посети : 2290

Утре почнуваат уписите за средно образование. Според конкурсот за запишување на ученици  за учебната 2017/2018 година, во повеќе од 100 училишта предвидени се 35.909 слободни места, за стручните струки, гимназиско образование и уметничко образование. Првото пријавување на учениците во јунскиот уписен рок  ќе биде в среда и четврток, а резултатите ќе бидат објавени на 30 јуни, кога полуматураните кои конкурирале за училиштето ќе знаат дали се примени. Во училиштата каде има пријавено повеќе кандидати од бројот на слободни места предвидени со конкурсот, на 3 јули  ќе се реализира квалификационо тестирање, резултатите потенцијалните средношколци ќе ги знаат на  4 јули.



Второто пријавување  за средно е на 5 јули, додека резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 6 јули. Оние кои нема да успеат да се запишат во средно шанса за упис ќе имаат на 24 август, резултатите ќе ги знаат следниот ден.


Во општина Охрид идните средношколци може да избираат помеѓу четири средни училишта.

Во ОСУ „Св. Климент Охридски“ во прва година ќе се запишат 272 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за: Гимназиско образование-272 ученици, 8 паралелки, 60 минимум поени.

Во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ во прва година ќе се запишат 170 ученици во 5 паралелки со настава на македонски јазик.  Според наставните планови и програми за: Економско-правна и трговска струка-136 ученици, Здравствена струка-34 ученици.

Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во прва година ќе се запишат 442 ученици во 13 паралелки (374 ученици во 11 паралелки со настава на македонски јазик и 68 ученици во 2 паралелки со настава на албански јазик).

Во ОУТУ „Ванчо Питошески“ во прва година ќе се запишат 306 ученици во 9 паралелки со настава на македонски јазик.


OhridNews


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 570 гласови (31%)

Не - 1271 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833