ОГЛАСИ

Пријатно патување низ историјата на градот-промовирана книгата „Сага за Охрид“ од новинарката Валентина Неловска

Живот | Книга | 01.07.2017 17:10Посети : 4719

Охриѓани и сите кои го сакаат Охрид, од денес, имаат можност за уште едно пријатно патување низ историјата на градот, преку страниците на првото пишано дело на охридска новинарка Валентина Неловска, книгата „Сага за Охрид“.



Делото содржи 35 наслови кои зборуваат за минатото на Охрид, избрани текстови од големиот број кои Неловска ги напишала, додека истражувала за потребите на емисијата „Печат“ која повеќе од десет години се прикажува на охридската телевизија ТВМ.


- Неловска во емисијата „Печат“ секоја недела ги изнесува документарните емисии за животот и работата на населението од 19 и 20 век. Со тоа, спортски речено постигна „полн погодок“. Продолжува и понатаму трагајќи по архивите и воспоставувајќи контакти со многу членови од познати охридски семејства. Охрид има уште многу други кои заслужуваат да влезат во историјата. Секој запис, иако краток, ни дава многу јасен историски приказ за историјата не само на градот, туку и за самите семејства. Историјата е белег на времето, белег создаден од и за луѓето. Книгата е уникатна и мошне содржајна, не воведува во историски приказни, факти и реалности преку многубројните контакти со луѓе кои поседуваат богати историски материјали. Навидум ситни приказни, но историски вистини, вели проф. Д-р Павле Митрески, рецезент на книгата.



Новинарот Милчо Јованоски потенцира дека воопшто не е едноставен процес од толкав број емисии, судбини, настани, да се изберат неколку и тие да се стават на хартија, но додава дека авторот Валентина Неловска тоа мошне успешно го направила.


- Кога ќе ја земете книгата во раце најпрво во очи ви паѓаат прекрасните слики создадени од уметникот Славко Упевче кој исто така е хроничар на Охрид. Потоа, 35-те бисерни камчиња во книгата го прават мозаикот за Охрид и пошироко за човечки судбини, настани, ликови и верувам дека ќе ви биде се појасно дека Охрид не живеел само во вековите во минатото, туку и во 18, 19 и 20 век. Се надевам дека и понатаму ќе има наши колеги новинари и помлади кои после нас ќе ја продолжат традицијата да собираат интервјуа, да документираат се што се случува во градот за да се остави нешто зад нас ако некој истражува што се случувало во 20 и 21 век, вели Јованоски.



Според авторот, Валентина Неловска, книгата е само еден мал мозаик од мноштвото писанија за градот кој сите го сакаме.


- Од секогаш ми беше желба да напишам книга, едно заокружување на мојата новинарска кариера, односно да оставам нешто зад себе. Зошто се одлучив да ја напишам книгата „Сага за Охрид“?  Бидејќи, Охрид  е центарот на мојата душа. Ова е книгата во која ја преточив мојата голема љубов кон градот во кој сум родена, работам и живеам. На страниците, со голема посветеност потсетувам на многу луѓе, настани од живеењето на градот. Има многу носталгија, ја нареков книга за душата и срцето. Многу го љубам градот и затоа ја напишав. Ќе има две категории на читатели-оние кои ќе се потсетат и ќе се навратат уште еднаш на минатото, и оние кои не се по потекло од Охрид, но го почитуваат и сакаат градот, а нема кој не го сака Охрид, вели Неловска.




авторката со колегите новинари и уметникот Упевче


Книгата „Сага за Охрид“ може да се набави, но и чита во просториите на општинскиот Црвен крст. Дел од средствата од продажбата ќе бидат наменети за хуманитарни цели.


Т.Кувенџиска

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 588 гласови (30%)

Не - 1349 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833