ОГЛАСИ

Сообраќајната полиција со интензивни контроли-се укажува, казнува и крева со „пајак“

Вести | Охрид | 17.07.2017 12:35Посети : 2893

Од СВР Охрид велат дека сообраќајната полиција деновиве успешно се справува со зголемениот број патнички возила во градот. Напоменуваат дека полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, постојано врши превентивни, а во исклучителни ситуации и репресивни мерки, со цел одржување на беспрекорен сообраќај во шпицот на туристичката сезона.



- Полициските службеници, постојано се присутни на терен, внимателно ги следат состојбите на сообраќајниците низ градот и соодветно и навремено реагираат на сите ситуации кои би можеле да предизвикаат значително оптоварување и застој во нормалното одвивање на сообраќајот, да го нарушат системот на редовно сообраќајно функционирање и да го превенираат и санкционираат однесувањето на сите учесници во сообраќајот што е спротивно на прописите и одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.


Во текот на минатата седмица, од страна на полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид, извршени биле стотина превентивни укажувања за сторен прекршок и исто толку предупредувања на учесници во сообраќајот, но и достава на исто толку покани за сообраќајни поуки.


- Во услови кога немало друга можност и решение, полициските службеници во 15 случаи, со специјално возило „пајак“, извршиле подигање на патнички автомобили непрописно оставени и паркирани на коловозни и други несоодветни места за таа намена. Најголемиот дел од нив, вкупно осум, се подигнати од плоштадот  „Св.Климент Охридски“, кеј „Македонија“, плоштад „Крушевска Република“ и на улицата „Коста Абраш“ кај хотел „Александрија“. Останатиот дел непрописно паркирани и оставени возила се подигнати од булеварот „Туристичка“, улиците „7 ноември“ и „Стив Наумов“, како и на патот пред плажа во комплексот „Славија“ и Кадиолошкиот завод. По основ на овие, но и по други основи од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, изречени се вкупно 24 мандатни прекршочни платни налози, информира Димоски.


Во изминатата седмица, активностите на Полициската станица биле преземени во координација со Државниот и општинскиот инспектор по патен сообраќај. Заедничките контроли биле поврзани во врска со превоз на лица, стоки и опасни материи, но и на возила кои вршат јавен превоз на патници (сезонски превоз, општински линиски превоз и такси превоз). По овие основи, биле извршени 16 контроли при што биле констатирани пет прекршоци, а едно возило било исклучено од сообраќај.


Од СВР со повик до граѓаните на поголема кооперативност во однос на напорите за одржување на ред во сообраќајот. Најавуваат дека и во наредниот период ќе се преземаат засилени мерки за одржување на стабилна безбедносна состојба во сообраќајот, но и во јавниот ред и мир.


OhridNews



© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 916 гласови (37%)

Не - 653 гласови (26%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 938 гласови (37%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833