ОГЛАСИ

Пред вечерашниот настап во Градиште „Фрајле“ со песна уживаат на Охридското Езеро

Занимливости | Охрид | 05.08.2017 11:33Посети : 5016

Вистински музичко уживање вечерва (сабота) приредува плажата Градиште 2. Во прекрасниот крајезерски амбиент на една од најубавите плажи на ривиерата  ќе настапи извонредниот акустичен бенд "The FRAJLE“ од Нови Сад, Србија. Забавата започнува во 22 часот, а цената на влезницаата чини 500 денари.



"The FRAJLE“ - фото архива OhridNews


По овој повод бродот Александрија 1 воведе специјална линија од Охрид до Градиште. Тргнувањето е во 21 часот од градското пристаниште во Охрид, а враќањето во 1 часот по полноќ.





"The FRAJLE“ веќе пристигнаа во Охрид. Тие вчера уживаа на изворите на Охридското Езеро и ресторанот „Острово“. Секогаш расположени девојките од "The FRAJLE“ ја запеаја познатата македонска песна „Елено ќерко“.



Фрајле (The Frajle) се основани 2009 година од Марија Мирковиќ, Наташа Михајловиќ и Јелена и Невена Буча. Претходно тие пееле во различни бендови, а по првите заеднички свирки, сфатиле дека на луѓето им се допаѓа тоа што го прават и почнале да работат заедно. На Бендот му го дале името Фрајле за да го означат војводинското поднебје. За брзо време стануваат познати по фантастичната музичка изведба и уникатниот стил со кој ја освојуваат публиката со вкус на Балканот.



Билетите за ова концертно уживање можете да ги набавите преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по цена од 500 денари, како и во ресторан „Острово“, лаунџ бар „Ноа“ и на влезот на концертот во Градиште.


OhridNews
фото и видео: Стојан Стојаноски

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 1262 гласови (37%)

Не - 848 гласови (25%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 1270 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833