ОГЛАСИ

За љубителите на класичната музика вечерва концерт на ерменскиот пијанист Рубен Далибалтајан

Култура | Охрид | 06.08.2017 11:39Посети : 423

Во рамки на фестивалот „Охридско лето“ вечерва, во црквата Св.Софија со почеток во 20.30 часот концерт ќе одржи ерменскиот пијанист Рубен Далибалтајан.



Далибалтајан е победник на десет меѓународни натпревари во Ерменија, Кина, Хрватска и Италија. Уште како млад се позиционира на светската музичка сцена, а критиката го оценува како „суптилен пијанист чии изведби секогаш носат нешто ново и интересно“. Настапите го водат Далибалтајан во повеќе земји во Европа, Азија и Америка како рецитален уметник, солист со оркестар или како член на камерни ансамбли – дуо со неговата сопруга Јулија Губајдулина или со триото „Амадеус“. Неговиот репертоар се протега од барок до современи автори со посебен акцент на романтичниот период во музиката.


Во 2000 година Рубен Далибалтајан почнува да предава на Музичката академија во Сараево, а во 2005 година станува професор и на Академијата за музика во Загреб. Од оваа година е гостин-предавач на Музичката академија во Лихтенштајн. Како дел од неговата педагошка работа одржува мајсторски курсеви и семинари, а често е член на жири-комисии на меѓународни натпревари. Еден од неговите значајни проекти е основањето на школата за пијано во Макарска во 2005 година заедно со Јулија Губајдулина.


На програмата на вечерашниот концерт, се дела на Шопен, Дебиси, Лист.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Култура

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 533 гласови (31%)

Не - 1174 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833