ОГЛАСИ

„Ако долго гледаш во понорот“-нова книга од Енес Халиловиќ

Живот | Книга | 06.08.2017 11:47Посети : 1800

Издаваштвото „Везилка 2011" објави превод уште еден српски роман: „Ако долго гледаш во понорот" од Енес Халиловиќ, кој и е познат на нашата литературна јавност по порано преведените книги поезија. Енес Халиловиќ е автор на пет стихозбирки, две збирки раскази и две драми, како и на романт „Еп за водата". Ова му е втор роман.



Халиловиќ е добитник на угледните награди „Меша Селимовиќ",  „Бранко Миљковиќ", „Ѓура Јакшиќ" и „Ахмед Вали". Неговите дела се преведени на англиски, полски, руски, арапски, турски, француски, романски, украински, унгарски, словенечки, летонски, албански, македонски, грчки, бугарски и каталонски јазик.


Најновиот роман на Халиловиќ „Ако долго гледаш во понорот" за мото ја има мислата на Фридрих Ниче: „Кој се бори со чудовишта, мора да внимава притоа и самиот да не стане чудовиште. И ако долго гледаш во понорот, и понорот гледа во тебе". Всушност, тоа е потресна и трагична приказна за распаѓањето на едно сиромашно семејство во калта на транзицијата, за времето кога социјалистичките фабрики се распаѓаат а сите бизниси, базирани пред се на шверцот, ги презема раскалашеното мафијашко јато.


OhridNews



© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 404 гласови (40%)

Не - 88 гласови (9%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 529 гласови (52%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833