ОГЛАСИ

Јапонците измислија сладолед кој не се топи

Занимливости | Свет | 06.08.2017 17:59Посети : 642

Секогаш има генијални научни умови кои ќе не изненадат, дури и кога станува збор за сладолед. Јапонски научници создадоа сладолед кој не се топи.  


Научниците дошле до ова откритие кога тестирале екстракти од полифенол додека се обидувале да направат десерт од јагоди за фармерите чии полиња биле уништени за време на земјотрес и цунами во 2011 година. За време на процесот, готвачот се изнервирал и рекол дека екстрактот предизвикал трајно замрзнување на кремот. 


„Полифенолот има својства кои го отежнуваат разделувањето  на водата и маслото, па сладолед кој ја содржи оваа супстанца може да ја задржи оригиналната форма подолго време поради тоа што потешко се топи.“, изјави професорот по фармација на универзитетот Каназава, Томихиса Ота, кој го развил сладоледот. 


Најизразената карактеристика на сладоледот е топењето. Тоа што сладоледот кој содржел екстракт  не се стопил дури и после неколку часа стоење на собна температура ни дава можност во иднина да не брзаме да го изедеме сладоледот пред да се стопи, туку да го оставаме на собна температура дури и цело попладне ако е потребно. - додава пронаоѓачот. 


Овој генијален пронајдок, кој е наречен Каназава сладолед, прво се појавил во градот Каназава според кој и го добил името, оваа пролет, но сега се продава и во продавници во Осака и Токио.  


А.М.

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 1225 гласови (37%)

Не - 839 гласови (25%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 1236 гласови (37%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833