ОГЛАСИ

Бурни ракоплескања и „бисеви“ за Загрепскиот пијано квинтет

Култура | Охрид | 10.08.2017 08:57Посети : 781

Загрепскиот пијано квинтет синоќа за публиката на фестивалот „Охридско лето“, во црквата „Света Софија“ приреди концерт за паметење.Уметниците од овој состав кои се виртуози на своите инструменти, со своето речиси двочасовно музицирање пренесоа позитивна енергија кај присутните кои пак, со бурни ракоплескања и два „биса“ потврдија дека ужуваат во програмата на чиј репертоар беа дела од Јозеф Лабор и Херман Гец.



Македонскиот контабасистот Илин Диме – Димовски кој е дел од Загрепската филхармонија смета дека желба на секој уметник е да настапи на фестивалот „Охридско лето“ и во црквата „Света Софија“ во која, како што појасни, израснал свирејќи.


-Во овој состав се свири квинтетот „Пастрмка“ на Шуберт“ , но мислевме дека тоа е премногу отсвирено. Овие два композитори се релативно непознати а постромантични. Тие пишувале убава музика но едноставно се изгубила нивната популарност со текот на времето. Инаку се работи за доста квалитетна музика. Има романтични делови, делови на соло, делови на заедничко свирење…


Како „бис“, членовите за Загрепскиот пијано квинтет го повторија третиот став од квинтетот на Херман Гец.


- За ваков состав нема многу дела, а се’ друго е предолго за „бис“и затоа одлучивме да го повториме третиот став од квинтетот на Гец, скерцата, додаде Димовски.

Виолончелистот Никола Јовановиќ смета дека е голема честа да се биде дел од „Охридско лето“, фестивал за чие високо реноме слушал уште од мали ноѕе.

-Впечатоците од синоќешниот концерт се фанстастични. За Охрид ме врзуваат посебни емоции. Толку сум среќен што имав прилика да свирам овде зашто кога бев мал, се знаеше кои фестивали се големи, со традиција и со настапи на звучни уметнички имиња. Сега ми особено мило што и јас сум дел од фестивалот „Охридско лето“, вели Јовановиќ кој е заменик-водач на секцијата на виолончела во Бамберг, Германија.

Концерт-мајстор на квинтетот е Молдавката Алина Губајдулина која веќе 19 години живее во Хрватска и е едел од Загрепската филхармонија. Уметникот Хрвоје Филипс е водач на виола-секцијата во Симфонискиот оркестар во Загреб а Федерико Ловато е познат италијански пијанист.

Како и на претходниот концерт завчера на кој настапи Машкиот манастирски хор „Оптима Пустина“ од Русија, така и синоќа, на концертот на Загрепскиот пијано квинтет, во црквата „Света Софија“ беше исполнето и последното место за публиката, а голем дел од присутните беа странци.


Триесеттата вечер на 57-то издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе донесе концерт на „Бенџамин пијано трио“.

Ова трио го сочинуваат Емир Имеров, виолина (Македонија/Германија), Пијанистот Ваг Папијан (Ерменија/Израел) и виолончелистот Александар Кагановски (Украина/Швајцарија).

Концертот на „Бенџамин пијано трио“ ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 20 часот и 30 минути. На програмата се композиции од Николај Римски-Корсаков и Петар Илич-Чајковски. 


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Култура

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 524 гласови (31%)

Не - 1154 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833