ОГЛАСИ

Види ТИШИНА. Слушни ТЕЛО. Купи СЛИКА.

Култура | Охрид | 11.08.2017 10:19Посети : 864

Сите посетители на Охрид, на 15 август (вторник) во Објектиф бар од 20 часот ќе имаат можност да ја видат несекојдневната изложба на фотографии со наслов „ Сххх... Гола сум!“ на Марина Трајковска.



Изложбата ќе биде од отворен карактер а гостите ќе ги забавува Dj Nasty Deluxe кој зад себе има интернационална кариера.



За Трајковска која се занимава со филм и фотографија повеќе од пет години, ова ќе биде прва самостојна изложба. Таа е апсолвент на Факултетот за драмски уметности во Скопје, отсек театарска и филмска драматургија.


„Женското тело како голо тело многу пати е и злоупотребувано;"продавано" за ситни пари. Овие слики зборуваат за она што се молчи, зборуваат за несовршеноста на совршената креација, за онаа невидлива енергија која е материјализирана во едно тело. Голото тело не е порнографија, тоа е најчистата форма, ова е најсуптилно заведување.“, вели Трајковска за инспирацијата за претстојната изложба.



Марина Трајковска е редовен учесник и на меѓународни филмски фестивали. Меѓу другите ангажмани, таа неколку години ги потпишува и бекстејџ видеата на Моден викенд Скопје.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Култура

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 429 гласови (40%)

Не - 91 гласови (8%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 564 гласови (52%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833