ОГЛАСИ

Си Џинпинг на Трамп: Внимавај на зборовите со Пјонгјанг

Вести | Свет | 12.08.2017 11:32Посети : 530

Кинескиот претседател Си Џинпинг го повика американскиот претседател Доналд Трамп да избегнува “зборови и дела“ кои би ја влошиле ионака напнатата ситуација на Корејскиот полуостров, јави кинеската државна телевизија, пренесува „Макфакс“. Си во телефонски разговор со Трамп, истакнал дека „Кина и САД имаат заеднички интерес во реализиацијата на денуклеаризација на Корејскиот полуостров и одржување на мирот и стабилноста на тоа подрачје“ пренесе АФП, повикувајќи се на кинеската телевизија СиСиТиВи.



Според кинесекот претседател, севернокорејското нуклеарно прашање бара мирно решавање и САД како “релевантна страна“, треба да покаже воздржаност. Тој нагласил дека Кина е подготвена да одржува комуникација со САД на база на взаемно почитување во изнаоѓањето на задоволително решение. Двајцата лидери истакнале дека се радуваат на посетата на Трамп на Кина подоцна оваа година.

„Во овој момент кинеско-американските односи се развиваат добро“ изјавил Трамп, нагласувајќи дека тие односи би можеле да бидат и подобри

Како што пренесе кинеската телевизија, Трамп му рекол на Си дека во целост ја разбира улогата на Кина која ја има по прашањето за севернокорејската нуклеарна програма.

Пекинг претходно изрази загриженост поради ексалацијата на “војна на зборови“ меѓу Вашингтон и Пјонгјанг. Трамп вчера уште повеќе ја засили реториката, предупредувајќи ја Северна Кореја дека „вистински ќе зажали“ ако преземе било каква непријателска акција против САД, а на Твитер порача дека „американската војска е подготвена“.

Кина е традиционално најблизок сојузник на Пјонгјанг, но минатиот викенд гласаше за нови санкции против севернокорејскиот режим на лидерот Ким Јонг Ун.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 479 гласови (34%)

Не - 390 гласови (28%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 524 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833