ОГЛАСИ

Кампања на полицијата и Македонски шуми за заштита од пожари

Вести | Охрид | 12.08.2017 22:49Посети : 649

Во рамки на кампањата „Лето без пожари“, СВР Охрид спроведе кампања за превентивно делување за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари. Целта на кампањата е поголема контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, поактивно следење на состојбите во шумските појаси, заштита, навремено забележување и информирање за настанат пожар до сите релевантни субјекти за координирано преземање на неопходни активности и навремено локализирање на пожарот.



 


Во рамки на соработка на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и и Јавното претпријатие „Македонски Шуми“-подружница Струга, вчера на граничниот премин „Ќафасан“ беше реализиран превентивниот проект „Лето без пожари“.



Полициски службеници од граничната полиција Регионален центар Запад и претставници на Јавното претпријатие, ја реализираа едукативната кампања со делење флаери и едукативни совети до патниците на граничниот премин „Ќафасан“ за влез во Република Македонија за заштита од пожари и намалување на опасностите по шумите и националните паркови.



Главна цел на проектот е јакнење на јавната свест кај граѓаните за неопходната заштита на шумите како национално богатство од пожари, навремено забележување и информирање за настанат пожар до релевантни субјекти за нивна брза реакција, навремено организирање на дополнителна помош во опрема, техника, сили и средства со цел преземање на заеднички понатамошни мерки. 


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 434 гласови (39%)

Не - 95 гласови (9%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 573 гласови (52%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833