ОГЛАСИ

Потпишан договорот за реципрочно признавање на возачките дозволи со Босна и Херцеговина

Вести | Охрид | 13.09.2017 14:37Посети : 163

Во Владата на Република Македонија денес се потпиша договор за реципрочно признавање на возачките дозволи меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина. Во име на Владата на Република Македонија договорот го потпиша министерот за  внатрешни работи и потпретседател на Владата Оливер Спасовски, а во име на Советот на министри на Босна и Херцеговина договорот го потпиша министерот за комуникации и транспорт Исмир Јуско. Министерот Спасовски по потпишувањето на договорот рече дека овој чин е од особено значење за граѓаните од двете земји.



„Надлежните органи на двете држави реципрочно ги признаваат возачките дозволи на возачите кои како туристи или комерцијални возачи управуваат со возило на територијата на едната или другата држава. Воедно, граѓаните кои имаат регулирано престој согласно националното законодавство на двете држави можат, без да има потреба од полагање теоретски и практичен испит, да ја заменат својата возачка дозвола за возачка дозвола од истата категорија и поткатегорија на другата држава. При исполнување на ова свое право граѓаните ќе треба да ја почитуваат административната процедура која ќе им го овозможи ова право“, рече министерот Спасовски.


Договорот со Босна и Херцеговина е дел од проектот на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија за реципрочно признавање и замена на возачки дозволи, кој МВР го има започнато со голем број држави во светот. Имено, Република Македонија има потпишано вакви билатерални договори и со Италијанската Република, Кралството Шпанија, Република Албанија, Црна Гора и Република Србија , при што на носителите на македонска возачка дозвола кои престојуваат во овие држави не им е потребна меѓународна возачка дозвола, а на оние кои го имаат регулирано нивниот престој, може да им се изврши замена на возачката дозвола.


„Во тек е процедурата за потпишување Договор за признавање и замена на возачки дозволи и со Република Косово, Република Турција, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и Сојузна Република Германија, кои претставуваат приоритет на Министерството за внатрешни работи, со оглед на фактот дека голем број македонски државјани живеат и работат во тие држави“, рече министерот Спасовски.


Министерот за комуникации и транспорт на БиХ  Исмир Јуско потенцира дека овој договор е потпишан меѓу две пријателски земји, кои и натаму ќе ја унапредуваат соработката.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 931 гласови (36%)

Не - 668 гласови (26%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 961 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833