ОГЛАСИ

Анита Мицова со нов спот во режија на охриѓанецот Јован Куциноски

Занимливости | Охрид | 21.09.2017 17:20Посети : 2041

Поп-пејачката Анита Мицова повторно ги изненади своите фанови, овој пат со објавувањето на спотот за песната „На пат кон југ“, композиција што се наоѓа на нејзиниот албум „Ти сум јас“. Мицова спотот го снимаше во околината на Охрид, а го режираше охрижанецот Јован Куциноски. Песната е валцер, но со етнопризвук.



 


„Оваа песна има посебно значење за мене. Композицијата говори за мојот живот и за животот на мојот сопруг, кој неколку месеци беше далеку од нас. Инвестиравме во овој спот, кој навидум изгледа едноставно и е снимен во два кадра, но, сепак, има приказна во која ќе се пронајдат многумина. Композицијата има специфичен мелос, а доминираат хармониката и перкусиите“, вели Мицова.



Во видеоспотот, покрај Анита Мицова, се појавува и Ева Куцоноска. Таа преку овој запис ја остварува својата желба од детството да свири на хармоника.

„Создавањето нова музика не го правам за да постигнам слава, туку за да оставам зад себе квалитетна музика. Промовирањето на албумот, композициите и спотовите чинат пари, и благодарение на мојот сопруг Марко, кој долго време беше далеку од мене, а кому му ја посветив оваа песна, јас можам да го постигнам ова. Спотот беше изненадување за него, мој подарок за неговото враќање дома“, истакнува Мицова.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 404 гласови (40%)

Не - 88 гласови (9%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 529 гласови (52%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833