ОГЛАСИ

Општествена одговорност на дело: Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ и Црвениот крст им го разубавија денот на децата во Охрид

Вести | Охрид | 30.09.2017 16:35Посети : 2792

Многу весели и насмеани лица денеска можеа да се видат во центарот на Охрид каде најмладите уживаа во бројните активности што се реализиреаа во рамки на манифестацијата „За посреќно детство“, која традиционално ја организараат општинската организација на Црвениот крст од Охрид и Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, во соработка со аптекарскиот бренд „Виа Фарм“, ресторанот „Виа Игнација“ од Вевчани, Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за спорт“ и Сојузот на училишен спорт.





Покрај главната трка која го означи стартот на оваа акција, младите го покажаа својот спортски дух натпреварувајќи се во: фудбал, баскет, одбојка, ракомет, тенис, бадминтон, шах, пикадо, хокеј на трева, возење велосипед, аеробик и друго.






Секој учесник во денешниот настан стана потенцијален добитник на награда во големата наградна игра со преку 50 вредни награди (седумдневно зимување на Златибор, петдневен престој во Крагујевац, викенд во Крушево, курсеви за странски јазици, компјутерска галантерија и др.), кои ќе бидат извлечени на 21.октомври.





Најкреативните и оваа година беа дел од ликовното катче на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, а вработените стоматолози делеа совети за заштита на оралното здравје.


- Целта е преку спортско-рекреативни активности и креативни настани да влијаеме на свеста на најмладите да водат грижа за своето здравје, а тоа најдобро се чува со стекнување здрави навики и превенција. - велат од Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, кој со поддршката на манифестацијата „За посреќно детство“ уште еднаш покажа висока општествена одговорност.





Учесниците на манифестацијата имаа можност на научат како здраво да се хранат од тимот на ресторанот „Виа Игнациа“ и се едуцираа како да го заштитат своето здравје од аптеки „Виа Фарм“. Настанот го помогна „Алкалоид“ кој обезбеди „Ацерола“ за сите учесници.  





 


И оваа година средствата собрани од манифестацијата „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ ќе бидат наменети во хуманитарни цели.


OhridNews
фото: Стојан Стојаноски

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 616 гласови (30%)

Не - 1414 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833