ОГЛАСИ

Бесим Демиров: СДСМ гарантира живот за сите во Охрид и општина со еднакви можности

Вести | Избори 2017 | 12.10.2017 12:18Посети : 3282

Наша заедника цел е  од Охрид да направиме општина за сите, во која сите граѓани се еднакви, во која сите имаат исти можности да успеат во животот. Ова го изјави кандидатот за советник на коалицијата предводена од СДСМ Бесим Демиров, на денешната прес конференција во населбата Воска, на која беше придружуван од кандiдатот за градоначалник Јован Стојаноски, носителот на листата за советници Константин Георгиевски и дел од кандидатите за советници од СДСМ.


-Со тоа веќе започна новата влада која е одлучна парите да се вратат кај граѓаните, а таа определба започна со зголемување на минималната плата, укинување на радиодифузната такса, воведувањето на евтина тарифа на струја. Тоа се пари кои граѓаните ги заштедуваат, тоа се пари кои остануваат во џебот на граѓанинот. - рече Демиров.



Тој се осврна на приоритетите на локалната самоуправа во идниот период како што се задржувањето на младите во Охрид, поддршка во изборот на нивната професија и можности за практична работа, со барање од фирмите кои добиле општински средства да гарантираат дека ќе обезбедат практична работа за млади во нивните фирми.


-Обезбедуваме инфраструктура за сите. Ја довршуваме атмосферската канализација на улицата Сатеска, го менуваме старото осветлување со ново. Оваа урбана заедница хортикултурно ја уредуваме, поставуваме тротоари каде што ги нема. Ги подобруваме и условите во ОУ „Климент Охридски“ во населба Далјан со изградба на спортска сала и реконструкција на тоалетите во училиштето. Ги затвораме и бајпасите на колекторот пред игралиштето во Воска. - порача Демиров, посчувајќи дека мисија на коалицијата предводена од СДСМ е подобрување на условите за живот на сите граѓани.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 1254 гласови (37%)

Не - 845 гласови (25%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 1264 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833