ОГЛАСИ

Ногачески ја презеде градоначалничката функција во Дебрца

Вести | Охрид | 20.10.2017 14:31Посети : 3246

Со врачување на уверението од страна на ОИК Дебрца, на новиот градоначалник на општината, Зоран Ногачески, денес и официјално му започна градоначалничкиот мандат.
При преземањето на функцијата, градоначалникот Ногачески истакна дека ќе биде градоначалник на сите жители на општината.



- Ви благодарам на сите кои го дадовте гласот за мене и за нашата советничка листа и со Вашиот глас ни дадовте можност да ја водиме општина Дебрца. Ни дадовте голема чест, но уште поголеми обврски и одговорности. Почит и кон оние кои не гласаа за мене, потполно го респектирам и нивното мислење. Ветив и ветувам дека ќе бидам Градоначалник за сите. Вратите на општината ќе бидат отворени за сите. Најавив ново време на одговорна, транспарентна услужна, правична, отворена општина, и тоа ќе биде така. Ќе градиме една општина за сите, рече Ногачески. Додаде дека со силна верба, неуморна работа и посветеност, заеднички ќе се реализира визијата за Дебрца.




Ногачески градоначалничката функција ја презеде од досегашниот градоначалник Игор Трајкоски, кој упати честитки до новиот прв човек на општината.


- На новиот градоначалник на Општина Дебрца, Ногачески му го честитам мандатот и му посакувам успех во реализација на проектите поврзани со Дебрца. Притоа напоменувам дека во мојот мандат општината имаше најголем прогрес, па оттука се надевам дека и половичната негова реализација на она што го спроведовме додека бевме на власт ќе преставува успех. Транспарентноста била наша одлика па затоа известуваме дека ја предаваме општина Дебрца со позитивно салдо од 879.269.00 денари, рече Трајкоски.



Трајкоски потенцира дека домаќински пристап се очекува и од страна на новиот градоначалник, чија работа опозицијата будно ќе ја следи.


OhridNews


© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 616 гласови (30%)

Не - 1414 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833