ОГЛАСИ

Колумна: Во Охрид инвалид во Скопје играорец

Отворена | Колумни | 23.10.2017 10:55Посети : 4680

Ај колку не се разбираш бре чоек. Абре така е и немој многу да палардисвиш. Абре вервиме така и реално е то. Шо море како? Оф како не го свати Коцета бре аман. Чоекот рече дека работит по скопски и крај. А ти си охридски. Е па така и немој да му се јавуваш нему уште е шашардисан од ко ги виде резултатите. Му се крена косана и уште му стојт крената. Ко го видов мислев Канго го гледам. А плус то Коце појќе за ништо не се прашвит ниту за коцката. Сега Перица ќе го прашаме.


Според она мене шо ми го кажаа од ЈП Градски Паркинг – Скопје све е кристално јасно и чисто. Пример, велам, пример, си тргвиш од Скопје без една нога. Ја немаш едноставно. Ова ти го кажвам да не се заебиш. Како шо ојш кун Скопје така од колкот почвит полека да си растит. Прво бутната коска до кај Кичево негде, на кај Гостивар дел од коленото, па писката, стапалото и последен палецот кај Ѓорче ко ќе влзеиш и спремен си за во “Танец“ како ороводец и пичиш пајдушко.


Абе проверено е ко ти викам. Јас се јавив да прашам. Не бреее стап. Каква инвалидска книшка и ослободвење од паркинг чим не си од Скопје. Еми твое е да бираш ко ќе ојш Скопје. Или погноја ногата да порастит, да не си инвалид или земи лична карта дека си од таму да  те ослобат од плаќање. Та е скопската логика. Зжш според нив ако не си од Скопје, дал си од Охрид, дал од Неготино или Свирипичино ти си од Вукојебина и немаш право да живејш. Ам кој знајт до кога така. Коце го намести то пак еве сега Перица нека одместит.


Тук многу се забрбав дај да скокниме набрзинка до онај новион “Езеро мол“ да пазариме нешто. Како бре незнајш? Абре новиов шо го отворија од ко го исчистија езероно. Ехееее извај ја роба за 2-30 години. Абе шо немат: маси, столој, бела техника, славини, ауто галантерија и позамантерија, зимски, летни гуми, масло, кардани, тешка индустрија, локомитиви, алки, закачалки, ластици, мотуши, котуши, па мојш нафта да си туриш....абе шо немат.


Е сега чив е....незнам како да ти објаснам. Наш е од граѓаниве, ние му идеме некако како акционери, зжш робата е наша ама како да не е наша зжш ко ќе ојме да купвиме морат да ја плаќаме. Ние ја набавивме, ние ја дониравме во “Езеро мол“, сите од  НСРМ, најмногу охриѓани и сега морат да ја паќаме. Абе Господ да чуват и да бранит кај ојде ова НСРМ.


Тук дан заборајме од молов да зејме чекан од 43 кила мамата да и плачам и на климана и на печкана. Е како зжш? Сиве кандидати, сега веќе уфотељичени градиначалници рекоа дека НСРМ цела ќе ја напрет со гас. Гас брате гас. Абре имат да се грејме како паши. Разгашчени дома стопени од топлина ко лигајнци.


Е ради то јас многу не се секирав кој ќе победит. Сите ветија дека ќе ги напрает сите потребни работи шо требит да ги имат една држава во 22-ри век, а ние уште сме 21-ви век. Абе цела Европа ќе ни дуват во ауспух ваква, држава немат да имат во во светот со си цела околија. Ќе напрает такви работи шо од на баџа ќе ги гледаме сиве други држави со си Нов Зеланд.


Зш ај те молам кажи ми која држава имат канализација, а ние допрва ќе ја уведвиме?А? Не така? Која толку напредна држава редовно го собират ѓубрето дури и ги празнит контењерите како ние шо ќе прајме, како прва држава шо ќе влезиме во 22-ви век, скоро по еднуш неделно? Е ај де да те видам зуцни, пропеј, гугни нешто де.
Замисли, голем дел од градоначалнициве ветија и не само шо ветија јас сум сигурен дека ќе воведет.....само молим те седни и написе блага вода дан се струполиш ко суволајно од тераса....ќе воведат алоооооооо водовоооооод. А? Сега? А да не прам муабет дека прв пат во историјата на човештвото ќе имат и асфалти, тротоари и ќе се садело трева. Е ај кажи искрено која држава во светов имат трева?А?


 


ЏИМИ


*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Отворена

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1412 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833