ОГЛАСИ

Колумна: Пржино егал Виена

Отворена | Колумни | 31.10.2017 09:42Посети : 1214

Ам зжш бре оче пресветли и се можни апостоле, ами зш ме репаш 5000 денари бре сиромав служителу на народот, жртвователу за наше добро, немој бре напатнику мој и единствен водителу на животниот ми пат, мој распнат Агатенгалу, абре зш вака ме репаш јас само прашав колку е сликање, а ти одма џанг 5000 та во глата ми се сврте, желудникот под патика ми се истури, та....


Аааааа толку коштат прашањето???!!! Извини Владико, извини шо се дрзнав да прашам. Знам дека така се привлекват верниците, како ти шо прајш, ама незнам од сабајлево шо ми е само зелени траскам. Прости ми Владико семоќен, спасителу наш кој нашите животи го држит во своите набрчкани раце од мотика работејќи, мачејќи се.........И знам дека си нервоуз зш идат зима и немаш пари за мерџото да му клајш зимски гуми и за то простими.....Дај бре ти извај 5000-ка и бапниму ја в брада, да ни кажит колку е сликањево.


Значи владико Агатангел си го женам синот и сакам да го сликам со си невеста како велет “ДА“ и сега....молим? Не разбрав? Не не владико не да е внатре, уствари незнам кај ќе му е дома, ама овде....аааааааа. Е добро де имат големи цицки ама јас ќе ги намалам пикселите така да ај да се пазариме за 1432,  а не 1500.


Фала ми ти оче, да би ти очи набабреле, спасителу мој. Како? Абе  мојте зимски ќе ми ти ги дам само ти да не ми се нервираш и ако можит да ургирам за брачет ми. Тој само една слика ќе прајт надвор и невестата му е грда ко диќел и дај му попуст ради то, а тој ќе донесит пакет масло за фамилијата твоја.......ѓаол ме зел....за црквата твоја така да .....А мојт и ти со нас некое селфи и да добиеме попуст? Уф извини незнаев дека за глумци е поскапо.


Тиквар еден. Ти реков не сликај сурати зш ак ти го видеше мобилниот можеше да ти фрлит анатема и автоматски од тој оператор да те префлит на ВИП. Послестапразговори. Какоам. Е сепосраодстравамикако. Мадашупелморашодто: од стравсепосравдасеоткажиш. Е како зжш. Зш ти си од Општина Кисела Вода –Скопско.


Море абер да се немало. Ам замисли како ќе ти беше ако Јохан станеше градоначалник? Па па какање. Виде како им рече во онај Пржинскиот дел. Пржино бре Пржино она местоно шо е познато по многу гомнејнци во државава. Е им рече дека кој не гласат за него не ќе мојт да се тотолит зш немат да им праел канализации.


Ех како ќе праевте. Ќе станевте ко сине монденски градој ебате беља. Ако имаш видено како е Виена, Прага така и вие во Пржино ќе бевте. Е така де, таму коњине на газон имет мушама врзано за да не им падвет лепешкине по патон. И вие Пржинци ќе си клаевте по некоја црна кеса врзана на тотолникот и оди и тотолисе в кеса. Така ќе ви беше поевтино иначе ќе мораше секој да си купит од оние машини за производство на суви лајна. Кој ти бранит. Мојш и праз да си клајш во нив.


Тук ти љупи го празот ама јас требит да ја збичам до кај еден мој зет од две сестри за прва брачеда на кум, малото имат домашна, второ одделение е  да му помогнам. Не не за црвенкапа и волкот, туку насловот му е “Спроведвење на вајалес трофазна струја во институтот на НАСА, со двонасочни импулси при лапароскопија на камен во жолчката и кастратација на дивертикули на дуоденумот на сигмата“.


Абре глув си ти. Второ одделение и учит по Кембриџ. Не бре не е Лук Скајвокер во “Војна на ѕвездите“ туку обично измрсулаено второодделнско дете бре.  Е отвори го де учебникот ќе видиш. Јас не траскам зелени, ами авторите се лупет како будали во фиока, а оние шо им дозволиле такви учебници се фиоките де.


Тук како и да е дал дома дал Сорбона ќе ја решиме домашната туку шо прајме со овај хитниов закон за пушење. Не бре хитен, најхитен требит да е овај за народ ко нашиов, македонскиов. Зжш ние во моментов секому е секаде му пушиме. И сега замисли да ни забранат??? Ако не беше пушењево од кај ќе разберевме дека имат село Подржи коњ?А? Значи овај закон ќе ја до копмлетират розевноста на НСРМ. Све е средено. А средено е зш години нокој средвел во државичево. Ехееехеее колку имаме напредно со македонски народни приказни то не  е нормално. Ама овај закон морат да имат членој и ставој кој ќе регулират точно кој на кому ќе му пушит. Кој е пасивен кој е активен. Пушач мислев. Македонец мислев.


ЏИМИ


*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Отворена

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 527 гласови (31%)

Не - 1161 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833