ОГЛАСИ

Отворена: Најитно да се расчисти дивата депонија и да се реши проблемот со бездомните кучиња во Видобишта

Отворена | Писма | 03.11.2017 09:44Посети : 2582

Од ко памтам за себе, никогаш, ама баш никогаш, сум немал страв од никакви животинки - напротив, сум се плашел од луѓе - неискрени, завидливи, злонамерни.... Кај животинките не постојат, завист, љубомора, суета и сл. само инстикт за преживување и многу пати знаат да бидат похумани од луѓето.... Кога на кокошките на пример им фрлаш храна, петелот чека прво тие да се најадат а потоа тој јаде.....


Но не ми е поентата на анализа на животните  туку да поставам прашање до сите, локална, глобална власт, здруженија за заштита на животни, комунални претпријатија и сите оние кои уживаат да се прозвани или избегнати на оваа тема. Сум чувал најразлични миленичиња... од мачки, кучиња.... па се до птици, аквариумски риби, дури и лилјак и шкорпија.... Знам која е одговорноста да чуваш милениче - потешко е од твое сопствено дете... не е поентата само да го врзиш и затвориш и да му фрлаш храна....


Имавме неколкугодишен проблем со одлагање на домашниот смет, цела улица 20-тина куќи... иако уредно ги плаќавме сметките на комуналец, отпадот требаше 2 пати неделно да го влечкаме 300-400 метри и да му го оставаме на соседот на оградата од дворот. Возилото немаше термин на доаѓање така да бевме принудени тоа да го правиме доцна навечер, за наутро, некоја глутница од кучиња да го разнесе по цела улица и дворови, така да никој не можеше да го собери. Пред 1 година со реакција до ЈП Охридски Комуналец, кои на лице место ја видоа сликата на одомаќената глутница (патем додека беа на увид, кучињата нападнаа 2 девојчина) - експресно обезбедија возило кое ни доаѓа до пред двор и од кантите кои си ги купивме го собира отпадот.


СУПЕР!!! Што сега тука не Чини?!?!?!? Во прилог испраќам фотографии, во кои може да видите како БУКОВО (депонијата) се граничи со нашите дворови....



Значи одговорноста повеќе не ја барам од ЈП КОМУНАЛЕЦ - како што можеа ја завршија работата... На прво место би ги повикал заштитниците на животни кои се многу гласни во одбрана на животните и се претставуваат како нивни големи љубители  да дојдат волонтерски да ја исчистат депонијата (цело соседство пробавме неколку пати ама животните си бележале територија и се многу агресивни) и да си ги приберат и да се грижат за нив (ТВРДАМ дека таквите гласноговорници се најодговорни, затоа што баш тие кога ќе им здосади миленикот го оставаат на улица, па после као им е жал) - Баш тие за родендени, јубилеи и сл. подаруваат животни некому кој после кратко време се чуди како да се ослободи од подарокот.


Апелирам до сите кои се надлежни најхитно да се реагира на овој проблем за да не сме приморани да го решаваме на своја рака, имаме деца, кои секојдневно се движат низ улицата, и како и секој родител, многу побитно ни е безбедноста на нашите деца.


П.С. Не би сакал да бидам погрешно сфатен , ниту јас ниту моите соседи, само би сакале да го добиваме она што го заслужуваме и (ПЛАЌАМЕ) во едно цивилизациско општество.


Д.Ј.
жител на Видобишта


*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Отворена

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 84 гласови (29%)

Не - 208 гласови (71%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833