ОГЛАСИ

Бродот „Мис Стон“ што го предизвика еколошкиот инцидент во каналот Студенчишта денеска ќе биде изваден од вода

Вести | Охрид | 20.11.2017 07:00Посети : 721

По излевањето на дизел гориво од потонатиот брод „Мис Стон“ во каналот Студенчишта на лице место илегоа сите надлежни институции кои преземеет соодветни мерки за санација на последиците од еколошкиот инцидент. Горивото кое формира тенок слој на површината од каналот беше третирано со специјални средства за разградување, со цел да се спречи поголемо загадување на животната средина.



Покрај претставници на локалната самоуправа и охридската Капетанија, на терен излезе и надлежниот Државен инспектор за животна средина од Охрид (ДИЖС) кој направил вонреден инспекциски надзор.




-На лице место беше утврдено дека се работи за инцидент со бродот „Мис Стон“ кој е полупотонат при што е излеано одредено количество нафта во водата на каналот. Согласно законската регулатива ДИЖС ќе ги превземе сите законски мерки и веќе е отворен предмет во инспекциска постапка. За денескае закажано итно вадење на бродот од каналот со соодветна механизација, со што ќе се спречи натамошно излевање на нафта во езерото, а со тоа и потенцијалните последици за живиот свет во него и животната средина. - информира локалната самоуправа. 


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 346 гласови (39%)

Не - 72 гласови (8%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 466 гласови (53%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833