ОГЛАСИ

Колумна: Прашајте ја Кежароска

Отворена | Колумни | 04.12.2017 07:00Посети : 2916

Е ајде сега да ве видам а? Ај сега јајте трици ваков бил барокот, таков бил. Од она е граден од ова. Јас викав ама вие не ме слушавте ко јадевте трици, ко палардисвевте дека барокот и сите монументи и значајни установи во грегоријански стил биле од морска пена. Абре умот ви е вас од пена. Празни сте во глајте.


Ак беше од пена не туку вака ќе се стопеше со последниов дожџ. Како ам.Баш, ама баш морската пена е изолатор и вотери пруфната. Баш та немаше да пропуштут вода. А тогаш јадевте бурек, санќим сите бевте Јанковци, дека намерно Кокица ја праел од та пената да се изолират, да е недопирлив, да се кријат и да уживат во златни шољи на какање со бречедците и брачедитем со цела фамилија. Изрод бре само да се дробело, јадело, кашлало.


Никош не ќе ви кажвев, ете и Кољо ќе поднесит оставка, утре задутре и немат и тој да ви кажит, ама мене инает ме фаќат. Од сољ, тиквари едни, од сољ и то хималајска сољ е све праено не туку....ар вие немате глај туку сољарници. Е така. За вас го праеја така, да ви е убо. Знајш ти шо значит сољ од Хималаи да ти донесит некој? Ене и Мишко и Коста се качвеа на врвојне шон ви донесоа а?А?А?А?


Зато многу мрм мрм не. Ај уште ова да ви кажам. Знајш кој ја донесе овде сољта и то врешча по врешча в багаш? Да да и за нејзе јадевте расол. Е Бонева ја носеше. Сто пати ојде Сики само вас да ви погодит незадоволни едни. Цели два три мандати за то ги потроши. Појди дојди сољ донеси. Појди дојди сољ донеси. Хималајска. И бела и портокалова и жолта.
А вие шо какавте? Многу дневници земвела. Ам знајш ти кај се Хималаи? А та кутра, цело време дур беше пратеничка та качи му се та слези, та качи му се та слези, на Хималаите. А она шо ми е мака та заради вас се жртвоваше вие си играте играчки, а нејзе и остана Силвана сољарникон. Ашлаци.


Море...не само да траскаш. Одмерви шо кажвиш. И стој на то шо ќе го речиш. Наместо да...... То шо го зборвиш требит да стојш на него. Ев глеј Груески. Рече дека ќе поднесит оставка и ќе поднесит. Можда. Некош. Или утре или задутре. Можда тој седит за то шо го велит, можда стојт ама шо рекол не порекнал. Како ам.


Ваков такво едно требит да ни е јасно. Чоекот све прајт одмерено и многу вагат. Дури имат купено и вага за злато. Да го вагат златото. Не туку така чоекот рече за оставката па после повика на протест пред министерството за правда.


И сега ако не поднесит тој не крив. Шо да прајт чоекот ко ете излезе со него многу народ. Калабалак, џубаџуба. Значи го сакет. Голем дел од нив мислам дека и ушка ќе си го носет. Ам како. Како? Не лупај ко Максим по дивизија. Каков Минхаузен. Немат никаква врска со него нити шамари му имат мавано. На Колета брачед му е Мијалков.


Мада незнам колку е паметно сега да се остајт. Мислам оставка да поднесит. Ете сношти и Зајко рече дека не би сакал овај да се пооставкит. Дури ко го рече то мислам дека и солза две три пушти ама морат да се држит. Знам знам Зоки, знам дека солзи самат капат и зато ти простив.


Не така? Све требит промислено да се прајт и плански. Морат море, морат да е така зжш мојш да се шиниш. Некош требит како во комунизмот да прајш долгорочни планој, десет – двајс годишни. Иначе маф. Уште ко зеленко млад требит да си напрајш деца и то шо појќе мојш, а ако мојш и 4 жени земи. Абре харем и градинка прај.


Зжш ако си самец ојде јабана. Ојде притвор. А ако имаш деца немат апсана. Зато јас нерви кинам сега за притворениве. Како така. Фамилијарни луѓе а притвор. Додуша незнам дал се криви, сакам да го почитувам правото на премуз......пмеруз...незнам како беше она шо завршвит на ЦИЈА и зато не сакам многу да зборвам.


А овие ги притворија и око не им клепвит. Не дај Боже да си им во кожата на фамилиите нивни. А сите овие притворениве се членој на фамилија, секој на својата. Кизнајт како е да си член на фамилија на притворен. Мада и за то имат решение. Нек се јавет кај Кежароска. Та знајт. Знајт и кај кој доктор да одат и какви апчиња да употребвет...Прашајте ја Кежароска.


ЏИМИ


*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Отворена

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 346 гласови (39%)

Не - 72 гласови (8%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 468 гласови (53%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833