ОГЛАСИ

Проф. д-р Ангела Крстаноска Василеска и Супер Радио добитници на Свети Климентовата повелба

Вести | Охрид | 06.12.2017 13:09Посети : 1734

Добитници на Повелбата Св. Климент Охридски - Патрон на Охрид за 2017 година се се проф. д-р Ангела Крстаноска- Василевска и Супер Радио. Одлуката ја донесе Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија во состав Елеонора Куновска- претседател, Славица Петреска- заменик претседател, и членовите Дејан Шикоски, Бесим Демиров и Филип Јовановски. На конкусрот пристигнале пет апликации и сите ги исполнувале пропишаните критериуми согласно со Одлуката за доделување општински награди и признанија.



Проф. д-р Ангела Крстаноска - Василевска е родена 1971 година во Охрид. Основно и средно образование завршува во својот град. Природно математички факултет завршува на универзитетот Св. Кирил и Методиј- Скопје. Во 2002 година успешно го брани магистерскиот труд, а во 2007 година ја брани докторската дисертација по биотехнички науки. Вработена е на факултетот за туризам и угостителство од 2001 година. Покрај наставните и истражувачките активности на матичниот факултет таа учествува на бројни конференции во земјата и странство каде го афирмира Охрид и неговите потенцијали како развиен туристички центар. Преку повеќе проекти успеа да даде голем придонес за развивање и организација на насоките за гастрономија и хотелско ресторански менаџмент со кои раководи. Благодарение на проф. Д-р Ангела Крстаноска Василевска факултетот за туризам и угостителство располага со најмодерна и најопремена кујна финансирана од грантови а вклучена е и во други проекти преку кои се подржува развојот на туризмот во Охрид. Таа потврдила и дека дава голем придонес во внесување новини во неформалното образование и организирање обуки за кадри неопходни за развој на туристичкиот бизнис.


Добитникот на повелбата Супер Радио неодамна го одбележа јубилејот 25 години и е препознатлив бренд на радио новинарството не само во Охрид туку и во Република Македонија, стои во одлуката на Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 346 гласови (39%)

Не - 72 гласови (8%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 467 гласови (53%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833