ОГЛАСИ

Претседателот Иванов учествува на 10. Меѓународен форум „Мир и Спорт“ во Монако

Вести | Македонија | 07.12.2017 08:42Посети : 122

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска, ќе учествува на 10. Меѓународен форум „Мир и Спорт“, што се одржува во Принципатот Монако, под покровителство на принцот на Монако, Н.В. Алберт II.



Темата на годинешното јубилејно одржување на форумот „Мир и спорт“ е „Иновации во спортот во функција на општествена трансформација“. На форумот во Монако ќе бидат разгледани начините на кои општествените иновации употребени во спортот, можат да се искористат за справување со тековните општествени проблеми и идните предизвици. Целта е да се понудат напредни решенија кои ќе ја истакнат моќта на спортот во создавање на одржливо, инклузивно и мирно општество.

Ова е трето учество на претседателот Иванов на меѓународниот форум „Мир и спорт“. Во 2012 година во рамки на форумот одржан во Сочи, основачот и претседател на меѓународната организација „Мир и спорт“, г. Жоел Бузу, на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, му додели посебно признание за неговите заложби за промоција и унапредување на мирот преку спортот.

На годинешниот јубилеен форум ќе учествуваат повеќе од 500 делегати од 110 држави од светот, меѓу кои, политички лидери, претставници од бизнис елитата, од меѓународните организации и граѓанското општество, претставници на академската заедница, истакнати спортисти и добитници на Нобеловата награда за мир.

Во рамки на учеството на меѓународниот форум „Мир и спорт“ претседателот Иванов ќе оствари билатерална средба со принцот на Монако, Н.В. Алберт II.

Mеѓународниот форум “Мир и спорт“ е инициран во 2007 година со цел да придонесе кон одржување и негување на мирот во светот преку спортот, односно поттикнување на соработка и размена на искуства во насока на креирање конкретни иницијативи преку кои спортот ќе биде ставен во функција на мирот.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 346 гласови (39%)

Не - 72 гласови (8%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 467 гласови (53%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833