ОГЛАСИ

Свети Великомаченик Георгиј

Празници | Празници | 09.12.2017 00:28Посети : 1232

Житието вели дека Св. Георгиј е роден во Кападокија, Мала Азија, од богати, но чесни и побожни родители. Уште од детството останал без татко и мајка му заедно со него се преселила во Палестина каде што била родена. Таму го минал детството посетувајќи ги местата во кои Исус го проповедал своето учење и се стекнал со образование. Бил висок, убав и храбар поради што добил висока служба во војската. На 20 годишна возраст добил чин трибун, а подоцна императорот Диоклецијан го поставил за член на државниот совет. Подоцна кога умрела и мајка му целиот имот им го поделил на сиромашните.

А кога Диклецијан започнал жестока пропаганда против христијаните Св. Георгиј му се спротиставил, ги зел во заштита неправедно прогонетите и самиот признал дека верува во Господ Исус Христос. Тоа го разбеснило императорот кој наредил веднаш да биде затворен и да биде подложен на најжестоки измачувања со цел да се откаже од своето верување. Но, Св. Гергиј не би бил Победоносец ако не бил толку истраен во своето убедување. Легендата вели дека ноќта пред да оди кај царот му се јавил Исус, на главата му ставил победнички венец и го охрабрул да издржи во своето верување ветувајќи му дека наскоро ќе го земе кај себе.

Врз Св. Георгиј се применувани најсурови мачења. Бил положен на грб нозете му биле ставени во клада, а врз него турнале голем камен. Подоцна го ставиле на тркало под кое имало шајки кои му го парале телото. Кога и тоа не го поколебало го тепале со воловски жили, го ставиле во дупка полна со негасена вар и турале вода, му облекле усвитена облека, три дена го држеле закопан во земја само со главата над земјата, најпосле му дале да испие отров но и тој не делувал поради што му ја отсекле главата. Гледајќи ги овие страдања на Св. Георгиј, но особено брзото оздравување на раните и преживувањето на отровот, жената на Диоклецијан, Александра, го прифатила христијанството поради што била осудена на смрт.

На иконата Св. Георгиј е претставен како војвода на коњ како со копје убива ламја која е под копитата на коњот. И според легендата Св. Георгиј ја убил ламјата што на народот му правела голема штета. Во позадина се гледа женски лик. Тое е царицата Александра.

Многу семејства Св. Георгиј го имаат како домашен светец и заштитник. Бидејќи празникот се паѓа во Божиќните пости, Св. Георгиј е посна слава.


Јасминка Т. Момироска

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Празници

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Кој е дострелот на македонската ракометна репрезентација на ЕП во Хрватска?

Разигрување во четвртфиналната група

Полуфинале

Финале

Гласај

Разигрување во четвртфиналната група - 36 гласови (19%)

Полуфинале - 96 гласови (50%)

Финале - 59 гласови (31%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833